Проблемите на соработката меѓу ГО и медиумите се посочувани многупати во изминативе години, но и покрај тоа, во релациите меѓу двата сектора не се забележува значителен напредок. Основната цел на оваа Бела книга е да отиде чекор понапред – не само да ги утврди проблемите во соработката меѓу двата сектора, туку да ги посочи и начините за унапредување и интензивирање на таа соработка, со цел поголема промоција и унапредување на човековите права.

Преку краток опис на состојбите и приоритетите во шест специфични области од човековите права – граѓански и политички права, права на жени, Роми и други етнички заедници, маргинализирани заедници (лица со попреченост и припадници на ЛГБТИ-популацијата), млади и дигитални права – документот има за цел да ги поттикне механизмите на меѓусебната комуникација и соработка меѓу ГО и медиумите и на тој начин да обезбеди поголема видливост и влијание на ГО во јавноста.

Белата книга опфаќа само некои аспекти од широката област на човековите права, кои беа определени во согласност со категоризацијата на организациите што се пријавија на Јавниот повик на МИМ за учество во проектот. Овој документ беше изработен со помош на група експерти од граѓанските организации и од медиумите, кои ги ставија на располагање својата експертиза и знаење. Во различни фази од продуцирањето на овој документ придонесоа претставници од следните граѓански организации: Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Национален совет за родова рамноправност (НССР), Отворена порта – „Ла страда“, Отворете ги прозорците, Фондацијата Метаморфозис, Асоцијација за здравствена едукација и истражување – Х.Е.Р.А., КХАМ, Мултикултура, Центарот за развој на медиуми на заедниците МЕДИУМ, Центар за слобода - Цивил, како и новинари и уредници од ТВ Алфа, Нова Македонија и Диверсити медија.

Белата книга треба да послужи уште како една алатка на партиципативната демократија, поради што во процесот на нејзина изработка се стремевме да обезбедиме поголема инклузивност на граѓанскиот сектор. Крајната цел на документот и на овој проект е почитувањето на човековите права да стане императив на граѓанското општество и на граѓанскиот активизам во Македонија.

 

Attachments:
Download this file (BelaKniga_al_fin.pdf)Libër i bardhë[ ]1027 kB
Download this file (BelaKniga_en_fin.pdf)White Paper[ ]1014 kB
Download this file (BelaKniga_web_v1.pdf)Бела книга[ ]981 kB

Актив.мк е интернет платформа посветена на зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации кои работат во областа на човековите права и медиумите, со цел да се олесни меѓусебната размена на информации меѓу двата сектора и да се придонесе кон унапредување на човековите права и слободата на изразување.

Актив.мк е отворен за соработка со сите граѓански организации, медиуми и новинари кои третираат различни аспекти на човековите права и слободата на изразување. Актив на граѓанските организации им овозможува да ги подобрат своите вештини за комуникација со медиумите и на тој начин полесно да ги наметнат своите теми во јавноста, додека, пак, на медиумите им овозможува полесно да пронајдат теми од областа на човековите права и соодветна експертиза.

Актив.мк располага со: алатки и ресурси за граѓанските организации и за медиумите, во насока на подобрување на меѓусебната комуникација и квалитетно третирање на темите поврзани со човековите права и слободата на изразување; мулитимедијални стории посветени на различни теми од областа на човековите права; и публикации, анализи, конкурси и кратки информации од областа на човековите права.

Актив.мк беше креиран во 2013 година како е дел од проектот „Зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации и медиумите за унапредување на човековите права и слободата на изразување“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми, со финансиска поддршка на Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР). 

Во првата половина на 2018 година Актив.мк беше целосно редизајниран во рамки на проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, што го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, со поддршка од Европската Унија, повторно преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР)

Целта на проектот е да се зголеми видливоста преку медиумите и да се подобри јавната перцепција на лицата со попреченост, како неопходен предуслов за нивно активно учество во јавниот живот и за еднаков третман при практикување на правата и слободите. Во таа насока Актив овоможува онлајн поддршка на проектните активности и отворен простор за размена на искуства и знаења помеѓу засегнатите страни и целни публики.

dis

 

Истражувања и публикации

Правила и закони

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.