EasyBlog

This is some blog description about this site

Мултикултура ќе спроведе избори за Дете-правобранител во средните и основните училишта во Тетово

Мултикултура во периодот од 01.02.2014-31.12.2014 во партнерство со Коалицијата на младински организации СЕГА ќе го спроведе проектот „Имплентација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија“, во кој е предвидено да се изберат деца правобранители во основните и средните училишта вклучени во проектот.

Детето правобранител ќе биде избрано на фер и демократски начин од неговите соученици и истото ќе добие и двајца заменици. Работата на детето правобранител е иста како и онаа на Народниот правобранител со тоа што тоа ќе дејствува само за проблеми во неговото училиште и во Општина Тетово.

Секое дете кое ќе воочи прекршување на своите или правата на некој од своите ученици има можност да го пријави прекршувањето кај детето правобранител кое по секоја претставка е должно да дејствува и доколку воочи дека дошло до прекршување на правата на децата, случајот да го пријави до канцеларијата на Народниот правобранител.

Секое од децата правобранители е обврзано да остварува континуиран контакт со Народниот правобранител и еднаш месечно до него да доставува извештај за својата работа.

На овој начин учениците се заштитени и на располагање им стои институција која работи за заштита на нивните права.

Continue reading
3437 Hits
0 Comments