Погледнете ја првата новинарска сторија од серијалот прилози посветени на проблемите на лицата со попреченост и на подобрување на нивната видливост во јавноста. Видео-прилогот на тема „Како лицата со попреченост да бидат вклучени во образованиот процес?“ се осврнува на проблемите кои произлегуваат од отсуството на Закон за инклузија и од недоволниот ангажман на институциите во обезбедување инклузивно образование.
Видеото е објавенот на ТВ 24, а автор е новинарот Сунаи Сабриоски.
Видеото е продуцирано во рамки на проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија.
Содржината на видеото е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.