Граѓански вести

ОН со кампања против широко распространетиот сексизам

Преку вистински пребарувања на Гугл може да се открие широката распространетост на сексизмот и на дискриминацијата врз жените. Врз база на пребарувањата направени на 9 март годинава, се откриваат низа негативни портретирања на жените - од стереотипи до отворено негирање на правата на жените.

Пребарувањата се направени во рамки на кампањата за промовирање на еднаквоста меѓу половите, која ја иницираа Обединетите Нации (UN Women).

 "Кога ги видовме резултатите од пребарувањата, бевме шокирани од тоа колку се негативни и одлучивме дека мора нешто да се направи со нив", вели Кристофер Хант, уметнички директор на креативниот тим кој работел на кампањата

 Идејата на кампањата била текстот кој излегува како резултат од пребарувањата на Гугл да се постави врз усните на женски портрети, така оставајќи впечаток дека сака да ги замолчи нивните гласови.

Следните фотографии се дел од кампањата

Оваа фотографија е пример дека доколку на Google пишете жените не можат, пребарувачот автоматски ви ги дава овие одговори: жените не можат да возат, жените не можат да бидат бискупи, не може да Им се верува, и не може да зборуваат во црква.

А, кога истражувачите на Google пишале „жените би требало да“, тогаш добиле резултати дека жените треба да седат дома, жените треба да бидат робови, жените не треба да зборуваат во црква и слично.

Извор: www.unwomen.org

Повеќе фотографии од кампањата може да видите на следниов линк

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.