Фотографот Томислав Георгиев освои прва награда на Impunity Exposed photo contest 2013. Победничката фотографија е од протестот на новинарите во Македонија кои беа попречени од специјалните полициски сили пред Музејот на македонската борба. Протестот се одржа во име на несогласувањата на новинарската фела со затворската казна од 4 ипол години за новинарот Томислав Кежаровски.
Второнаграден на овој натпревар е фотографот Ahmed Al Fardan од Бахреин, а третото место го освои Arnold Jumpay од Филипините.