Италијанската национална организација на лица со Даунов синдром „CoorDown“, во соработка со маркетинг агенцијата „Saatchi & Saatchi“ подготви видео кампања по повод 21 март – Светски ден на лицата со Даунов синдром.
Видеото е инспирирано од и-меил порака на бремена мајка која очекува дете со Даунов синдром. Во пораката испратена до организацијата „CoorDown“, мајката прашува: „Каков живот ќе има моето дете?“
На бремена мајка и одговараат петнаесет лица со Даунов синдром од цела Европа. Еве што тие и порачаа:
Тема на годинешното одбележување на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром е "Правото на среќа и благосостојба на лицата со Даунов синдром". Целта е да се промовира културата на различностите и вистинската интеграција во општеството, особено во сферата на образованието и работата.