Граѓански вести

Денес се одбележува Меѓународниот ден на младите

Генерално собрание на ОН во 1999 година го востанови 12 август како Меѓународен ден на младите, посветен на младинските прашања и афирмирање на потенцијалот на младите како партнери во глобалното општество.

Годинешното одбележување на Меѓународниот ден на младите се фокусира на прашањата поврзани менталното здравје на младата популација. Честопати младите луѓе кои се соочуваат со ментални проблеми се стигматизирани и дискриминирани во општеството. Токму затоа, на овој ден се покренуваат бројни активности со цел да се подигне свеста на јавноста во однос на младите кои се соочуваат со ментални проблеми, но, и да се истакнат искуствата на храбрите поединци кои се решиле да проговорат за своите проблеми и за поддршката која што им е потребна.

Според младинската група на „Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА“, грижата за менталното здравје подразбира подеднаква улога на сите засегнати страни. Родителите треба да поминуваат квалитетно време со своите деца, а стручните служби во училиштата треба да реагираат на сите промени во однесувањето на младите и со тоа да им помогнат. Исто така, многу е важно и постојаното подобрување на услугите кои што ги нудат државните институции од областа на менталното здравје на младите.

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.