Граѓански вести

Граѓаните на Скопје ќе имаат можност да ја покажат својата солидарност, заедничка моќ и сила да му се спротивстават на насилството врз жените на настанот што ќе се одржи на плоштадот „Македонија“, утре со почеток во 11.55 часот, во рамки на меѓународната кампања „Една милијарда на нозе“.

Автор: Владо Апостолов
Новинар во неделникот „Фокус“
Деновиве се најавува втората сезона на серијата Куќа од карти (House Of Cards) каде главната улога маестрално ја игра Кевин Спејси. На постерот за продолжението на приказната за макијавелистичката кариера на Френсис Андервуд (Спејси), како слоган за новите серии се користи фразата дека - демократијата е преценета.

Македонија го зазема 123-то место во најновиот Индекс за слободата на медиумите на меѓународната организација Репортери без граници, што претставува пад од седум места во однос на минатогодишното рангирање.

Иницијативата на Македонскиот институт за медиуми за продуцирање на Белата книга за подобрување на релациите меѓу граѓанското општество и медиумите беше истакната и поддржана во Резолуцијата за Извештајот за напредокот на Македонија за 2013 година, која Европскиот парламент ја усвои деновиве.

Поголем број Роми остро реагираат на етикетирањето од Здружението на Ромите од Центар, според кое, шарената зграда „Папагал“, проект на градоначалникот Андреј Жерновски, е во ромски стил и Ромите би сакале да живеат во такви објекти.

Советот за човекови права на ОН го објави Универзалниот периодичен извештај за Македонија, во кој се наведуваат бројни препораки во врска со случаите на прекршувања на човековите права.

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.