Граѓански вести

1safe image Во рамки на кампањата „Слободни & еднакви“ ОХЦХР објави ново видео кое ја следи еволуцијата на дебатата околу правата на ЛГБТ-заедницата во Обединетите нации. Видеото е произведено по повод Денот на човековите права - 10 Декември, а ќе биде промовирано на посебен настан организиран од страна на ОХЦХР и ЛГБТ Групата во седиштето на ОН во Њујорк.

Слободата на медиумите, независноста на судството и дискриминација се трите области кои Хелсиншкиот комитет за човекови права ги посочува како проблематични во однос на почитувањето и заштитата на човековите права во Македонија. По повод 10 Декември - Меѓународниот ден на човековите права, Комитетот во своето соопштение изразува загриженост за притворањето новинари, политичките влијанија во медиумите и во судството, како и распространетата дискриминација врз основа на раса, политичка припадност и сексуална ориентација. 

Скопјанецот Нури Асан (41), кој е глувонем, заедно со неговата исто така глувонема десетгодишна ќерка Фатима, речиси една година живеат под натстрешник на отворено над чешмичката кај црквата „Света Петка“ во Црниче. Неговата сопруга во моментот е во болница каде што пред неколку дена се породила и денеска ќеркичката треба да си дојде во својот дом - кој го нема.

Граѓанскиот сектор кој се занимава со прашањата поврзани со човековите права претставува богат ресурс  за новинарите, за истражувачкото новинарство, но и за инклузивното новинарство, кое треба да се стреми да ги вклучи различностите на разновидни начини - во рамките на секој новинарски производ и во секојдневното функционирање на медиумот.

Неуставно спречување на протестот за поддршка на новинарот Кежаровски, пренатрупаност во притворските одделенија на затворите ширум државата, недоволна транспарентност при изборот на кандидати за вработување од социјално ранливите категории на граѓани,

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.