За Актив

Актив.мк е интернет платформа посветена на зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации кои работат во областа на човековите права и медиумите, со цел да се олесни меѓусебната размена на информации меѓу двата сектора и да се придонесе кон унапредување на човековите права и слободата на изразување.

Актив.мк е отворен за соработка со сите граѓански организации, медиуми и новинари кои третираат различни аспекти на човековите права и слободата на изразување. Актив на граѓанските организации им овозможува да ги подобрат своите вештини за комуникација со медиумите и на тој начин полесно да ги наметнат своите теми во јавноста, додека, пак, на медиумите им овозможува полесно да пронајдат теми од областа на човековите права и соодветна експертиза.

Актив.мк располага со: алатки и ресурси за граѓанските организации и за медиумите, во насока на подобрување на меѓусебната комуникација и квалитетно третирање на темите поврзани со човековите права и слободата на изразување; мулитимедијални стории посветени на различни теми од областа на човековите права; и публикации, анализи, конкурси и кратки информации од областа на човековите права.

Актив.мк беше креиран во 2013 година како е дел од проектот „Зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации и медиумите за унапредување на човековите права и слободата на изразување“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми, со финансиска поддршка на Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР). 

Во првата половина на 2018 година Актив.мк беше целосно редизајниран во рамки на проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, што го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, со поддршка од Европската Унија, повторно преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР)

Целта на проектот е да се зголеми видливоста преку медиумите и да се подобри јавната перцепција на лицата со попреченост, како неопходен предуслов за нивно активно учество во јавниот живот и за еднаков третман при практикување на правата и слободите. Во таа насока Актив овоможува онлајн поддршка на проектните активности и отворен простор за размена на искуства и знаења помеѓу засегнатите страни и целни публики.

dis

 

logo4

Актив.мк е Интернет платформа посветена на зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации од областа на човековите права и медиумите, со цел да се олесни меѓусебната размена на информации меѓу двата сектора и да се придонесе кон унапредување на човековите права и слободата на изразување.

 

Повеќе

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.