Граѓански вести

Лицата со попреченост во источниот регион се дискриминирани на работните места

Една третина од вработените лица со физичка попреченост во источниот регион се соочуваат со дискриминација при вработувањето или на работните места, ако веќе се вработени. Неопходно е да се работи на подигање на јавната свест за да им се помогне на телесните инвалиди при остварувањето на нивните законски права, беше заклучено на денешната завршна конференција од проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“ што во изминатиот деветмесечен период го реализираше меѓуопштинското здружение „Мобилност“ од Кочани.

– Најчеста дискриминација кон нашите членови кои се веќе вработени е тоа што наместо да се на работните места, најчесто седат дома и од платата што ја примаат, задржуваат мал дел, а остатокот како готовина им го враќаат на работодавачите. Стравот дека ќе останат и без таквиот минимален приход, не им дозволува дискриминирањето да го пријават кај надлежните органи. Психолошкиот ефект дека без работен ангажман се бескорисни и претставуваат товар за семејството и за општеството, ги става во подредена состојба за која никој не говори јавно. Со чесни исклучоци, голем дел од компаниите го користат тоа и остваруваат екстра профит, со оглед што придонесите и другите трошоци ги плаќа државата, истакна Горан Војновски, претседател на здружението „Мобилност“.

На средбата со членовите на „Мобилност“ што ги опфаќа лицата со физичка попреченост од Кочани, Виница, Делчево и Берово, беше нагласено дека актуелните законски прописи за оваа проблематика се одлични и целосно се во согласност со прописите во ЕУ, но поголем дел од работодавачите наоѓаат можности за непочитување и злоупотреба. Затоа, се неопходни постојани и сериозни контроли за почитувањето и доследното спроведување на законските одредби.

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“ финансиски беше поддржан од Националниот совет на инвалидски организации и Македонскиот институт за медиуми, а се реализираше во соработка со канцеларијата на Европската Унија и британскиот Институт за медиумска различност.

Извор: НоваТВ


Во рамки на проектот, Здружението „Мобилност“ подготви кратки видеа за предизвиците и проблемите во однос на општествената инклузија на лицата со попреченост и можностите за вработување.

Образованието тест за подготвеноста за инклузија од страна на општеството:

Вработувањето на лицата со попреченост:

 

Активностите од проектот ,,Запознај ја конвенцијата – силниот ветер во грб за лицата со инвалидност,, на Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет за општините:Кочани Виница Берово и Делчево - МОБИЛНОСТ КОЧАНИ, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.

 

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.