Службен весник на РМ, бр. 50 од 13.04.2010 година
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Предмет на Законот
Член 1
(1) Со овој закон се обезбедува спречување и заштита од дискриминација воостварувањето на правата загарантирани со Уставот на Република Македонија,закон и ратификувани меѓународни договори.
(2) За заштита од дискриминација се формира Комисија за заштита оддискриминација.
(3) Комисијата за заштита од дискриминација има својство на правно лице.
Примена на Законот
Член 2
Заштитата и забраната од дискриминација се однесува на сите физички и правнилица во процесот на остварување на правата и слободите гарантирани со Уставоти со законите на Република Македонија.
Основи за дискриминација
Член 3
Се забранува секоја директна или индиректна дискриминација, повикување ипоттикнување на дискриминација и помагање во дискриминаторско постапувањеврз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализиранагрупа, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија иливерско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност,личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејнаили брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било другаоснова која е предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор (вонатамошниот текст: дискриминаторска основа).
Примена на Законот
Член 4
Овој закон се применува од страна на сите државни органи, органи наединицата на локалната самоуправа, правни лица со јавни правни овластувања иправни и физички лица во областа на:
1) работата и работните односи;
2) oбразование, наука и спорт;
3) социјална сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјална заштита,пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и здравственазаштита;
4) правосудство и управа;
5) домување;
6) јавно информирање и медиуми;
7) пристап до добра и услуги;
8) членување и дејствување во синдикални, политички партии, здруженија награѓани и фондации или други организации засновани на членство;
9) култура и
10) други области определени со закон.
Значење на изразите употребени во овој закон
Член 5
Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:
1. Афирмативни мерки се активности на надлежните државни органи кои сенасочени кон спречување и заштита од дискриминација, односно намалување илиелиминирање на фактичка нееднаквост којашто настанала како резултат напретходна дискриминација;
2. Архитектонско опкружување се сите објекти во јавна употреба кои се нарасполагање на луѓето за користење или кои се поврзани со задоволување наодредени потреби или со добивање одредени услуги;
3. Дискриминација е секое неоправдано правно или фактичко, непосредно илипосредно правење на разлика или нееднакво постапување, односно пропуштање(исклучување, ограничување или давање првенство) во однос на лица или групикое се заснова на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализиранагрупа, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија иливерско уверување, образование, политичка припадност, личен или општественстатус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба,имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа;
4. Дискриминаторско однесување и постапување е секое активно или пасивнооднесување на секое лице од страна на јавните власти, како и од страна направни и физички лица од приватниот и јавниот сектор во јавниот живот, коесоздава основи за привилегирање или депривилегирање на некое лице нанеоправдан начин, или кое го изложува на неправеден и деградирачки однос воспоредба со други лица во слична ситуација, базирано на која било оддискриминаторските основи;
5. Брак е заедница на живот исклучиво на еден маж и една жена во која сеостваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството;
6. Еднаквост е начело според кое сите луѓе се рамноправни, односно изедначениво обврските и правата. Еднаквоста ја подразбира различноста, односноподразбира постоење неистоветни лица кои треба да бидат еднакво третирани;
7. Ефективна заштита е постоење систем од достапни и употребливи механизмиза поведување постапка во случај на дискриминација, постоење независни иобјективни структури кои постапуваат по поднесените жалби врз основа наоднапред предвидени процедури и постоење на однапред предвидени санкции законкретни повреди на правата;
8. Легитимна (објективно оправдана) цел е цел која не е спротивна на Уставот ина одредбите на меѓународните договори, а којашто соодветствува со реалнитепотреби, однапред е прецизно дефинирана и е пропорционална на ефектите коитреба да се постигнат;
9. Лице е физичко лице кое престојува на територијата на Република Македонијаи правно лице кое е регистрирано, односно врши дејност на територијата наРепублика Македонија;
10. Легитимен интерес претставува оправдување за интересот и активнотовклучување на одредено лице во преземањето конкретни активности, зарадисвоја сопствена засегнатост од последиците на тие активности, заради поширокоднапред пројавен интерес за одредени општествени случувања, односно зарадипредвидено овластување со закон за занимавање со определени активности;
11. Маргинализирана група е група од поединци кои ги обединува специфичнаположба во општеството, кои се објект на предрасуди, кои имаат посебникарактеристики кои ги прават погодни за одредени видови на насилство, имаатпомала можност за остварување и заштита на сопствените права или се изложенина зголемена можност за натамошна виктимизација и
12. Прилагодување на инфраструктурата и сервисите е преземање соодветнимерки потребни во одреден случај за да му се овозможи на лицето со ментална ителесна попреченост да има пристап, да учествува и да напредува во работниотпроцес, освен ако овие мерки не наметнуваат диспропорционални оптоварувањаза работодавачите.
II. ОБЛИЦИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА
Директна и индиректна дискриминација
Член 6
(1) Директна дискриминација врз дискриминаторска основа е секое неповолнопостапување, разликување, исклучување или ограничување кое како последицаима или би можело да има одземање, нарушување или ограничување наеднаквото признавање или уживање на човековите права и основни слободи,споредено со третманот кој го има или би можело да го има друго лице во истиили слични услови.
(2) Индиректна дискриминација врз дискриминаторска основа е секое ставање нанекое лице или група во неповолна положба во споредба со други лица, содонесување очигледно неутрални одредби, критериуми или со преземање наопределени практики, освен кога таквите одредби, критериуми или практики,произлегуваат од оправдана цел, а средствата за постигнување на таа цел сесоодветни и неопходни.
Вознемирување
Член 7
(1) Вознемирувањето и понижувачкото постапување претставува повреда надостоинството на лице или на група на лица кое произлегува оддискриминаторска основа и кое има за цел или резултат повреда надостоинството на одредено лице или создавање заканувачка, непријателска,понижувачка или застрашувачка средина, пристап или практика.
(2) Сексуално вознемирување е несакано однесување од полов карактер, кое сеизразува физички, вербално или на кој било друг начин, а има за цел илипоследица повреда на достоинството на едно лице, особено кога се создаванепријателска, заканувачка, деградирачка или понижувачка средина.
Дискриминација на лица со ментална и телесна попреченост
Член 8
(1) Под дискриминација на лица со ментална и телесна попреченост сеподразбира намерно оневозможување или отежнат пристап до здравственазаштита, односно ускратување на правата на здравствена заштита, редовенмедицински третман и лекови, рехабилитациони средства и мерки во согласностсо нивните потреби, ускратување на правото на брак и создавање на семејство идруги права од областа на бракот и семејните односи, ускратување на правото наобразование, на работа и правата од работниот однос.
(2) Дискриминација на лица со ментална и телесна попреченост постои и тогашкога нема да се преземат мерки за отстранување на ограничувањата, односноприлагодување на инфраструктурата и просторот, користење на јавно достапниресурси, или учество во јавниот и општествениот живот.
Повикување и поттикнување на дискриминација
Член 9
Како дискриминација ќе се смета и секоја активност со која некое лице директноили индиректно повикува, охрабрува, дава упатства или поттикнува друго лицеда изврши дискриминација.
Виктимизација
Член 10
Дискриминација претставува и неповолното однесување кон едно лице, трпењена штетни последици заради тоа што презело одредени активности зазаштита од дискриминација (пријавило дискриминација, започнало постапка задискриминација и сведочело во текот на постапката).
Дискриминација во обезбедување на добра и услуги
Член 11
Оневозможувањето или ограничувањето на користењето на добра и услуги налице или група на лица по некој од основите наведени во членот 5 точка 3 одовој закон претставува дискриминација.
Потешки облици на дискриминација
Член 12
Како потежок облик на дискриминација, во смисла на овој закон, ќе се сметадискриминацијата направена кон одредено лице по повеќе дискриминаторскиоснови (повеќекратна дискриминација), дискриминација направена повеќе пати(повторена дискриминација), која е правена подолго време (продолженадискриминација) или која со своите последици особено тешко го погодувадискриминираното лице.
III. ИСКЛУЧОЦИ ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА
Афирмативни мерки
Член 13
Нема да се сметаат за дискриминација афирмативните мерки преземени од органина државната управа, органи на единиците на локалната самоуправа, другиоргани и организации кои вршат јавни овластувања, јавни установи или одстрана на физички или правни лица, констатирани како оправдани во минатото,сегашноста или во иднина, а кои можат да се преземаат сé додека не се постигнепотполна фактичка еднаквост:
1) во корист на лице, група на лица или заедница, со цел да се елиминираат илида се намалат фактичките нееднаквости, ако разликувањето е оправдано ипропорционално на целта, и со цел да се обезбеди нивен природен развој иефективно постигнување на нивното право на еднакви можности во споредба содруги лица, групи на лица или заедници и
2) афирмативните мерки кои имаат за цел заштита на маргинализираните групи,со цел да се елиминираат или да се намалат фактичките нееднаквости, акоразликувањето е оправдано и пропорционално на целта и со цел да се обезбединивен природен развој и ефективно постигнување на нивното право на еднаквиможности во споредба со други лица, групи на лица или заедници.
Нееднакво постапување
Член 14
Нема да се смета за дискриминација:
1) различниот третман на лица кои не се државјани на Република Македонија воврска со слободите и правата дадени во Уставот, во законите и меѓународнитедоговори кон кои пристапила Република Македонија, а кои непосреднопроизлегуваат од државјанството на Република Македонија;
2) различниот третман на лицата врз основа на карактеристики кои се однесуваатна која било од дискриминациските основи, кога спомнатите карактеристики,поради природата на занимањето или активноста, или поради условите во кои сеодвива тоа занимање, претставуваат суштинско и определувачко барање, целта елегитимна, а условот не го пречекорува потребното ниво за негова реализација;
3) различниот третман на лицата врз основа на религија, уверување, пол илидруги карактеристики во врска со занимање кое се одвива во религиозниинституции или организации кога, според карактерот на конкретното занимањеили активност, или поради условите во кои се остварува религијата,
уверувањето, полот или други карактеристики претставуваат суштинско иопределувачко барање, од гледна точка на институцијата или организацијата,кога целта е легитимна, а условот не го пречекорува потребното ниво зареализација;
4) различниот третман на лицата врз основа на религија, уверување, пол илидруги карактеристики во врска со образованието и обуката за целите назанимањето поврзано со конкретна религија;
5) ако членовите и органите на цркви и верски заедници, граѓански организации,политички партии, синдикати и други организации запишани во регистар восогласност со Уставот и законите, постапуваат во согласност со својата доктрина,уверувања или верувања и/или целите утврдени во своите статути, програмии/или прописи;
6) уредувањето на бракот, вонбрачната заедница и семејството исклучиво какозаедница на спротивни полови, односно на еден маж и една жена;
7) остварувањето на уставно гарантираното начело на слобода на говорот,јавниот настап, мислење и јавното информирање;
8) определувањето барање за минимална старост, професионално искуство илистаж во процесите на избор или во давањето на определени привилегии поврзанисо работењето, кога ова е објективно оправдано за постигнување на легитимнацел, а содржината на ова разликување не го надминува неопходното нивопотребно за остварување на целта и
9) определување услов за максимум старост во процесот на вработување што еповрзано со потребата од обука или заради потребите од рационални временскиограничувања поврзани со пензионирање предвидени во закон, кога тоа еобјективно оправдано за постигнување на легитимна цел, а содржината на оваразликување не го надминува неопходното ниво потребно за постигнување на целта.
Заштитни механизми за одредени категории на лица
Член 15
Нема да се смета за дискриминација:
1) посебната заштита на бремената жена и мајка, предвидена со закон, освенкога бремената жена или мајка не сака да ја користи оваа заштита и за ова гоизвестила работодавачот во пишана форма;
2) мерките кои се предвидуваат со закон за поттикнување на вработувањето;
3) различниот третман на лицата со инвалидитет во остварувањето на обука идобивањето образование со цел за задоволување на посебните образовнипотреби заради изедначување на шансите;
4) предвидување на минимум и максимум години за пристап до определени нивоана обука и образование, кога тоа е објективно оправдано за постигнување налегитимна цел, а содржината на ова разликување не го надминува она што енеопходно со оглед на природата на обуката или образованието, или условите вокои тие се одвиваат и содржината на ова разликување не го надминуванеопходното ниво потребно за постигнување на целта;
5) мерките насочени кон обезбедување баланс во учеството на мажите и жените,сé додека овие мерки се потребни;
6) посебните мерки од кои имаат корист лицата или групите кои се вопонеповолна положба настаната врз која било дискриминациска основа, со цел заизедначување на нивните можности, сé додека тие мерки се потребни;
7) посебна заштита, предвидена со закон, на деца без родители, малолетници,самохрани родители и лица со инвалидитет;
8) мерки за заштита на посебноста и идентитетот на лицата кои припаѓаат наетнички, религиозни или јазични малцинства и нивното право да го негуваат иразвиваат сопствениот идентитет индивидуално или во заедница со другитечленови на нивната група и поттикнуваат услови за унапредување на тојидентитет и
9) мерките во областа на образованието и обуката кои треба да обезбедатучество на лицата од етничките малцинства додека тие мерки се неопходни.
IV. КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА
Комисија за заштита од дискриминација
Член 16
(1) Комисијата за заштита од дискриминација е самостоен и независен орган којаработи во согласност со надлежностите утврдени со овој закон (во натамошентекст: Комисијата).
(2) Комисијата има својство на правно лице со седиште во Скопје.
(3) Средствата за работа на Комисијата се обезбедуваат од Буџетот на РепубликаМакедонија. Комисијата може да обезбедува средства и од други извори.
Состав на Комисијата
Член 17
(1) Комисијата е составена од седум члена.
(2) Членовите на Комисијата ги именува Собранието на Република Македонија сомандат од пет години, со право на еден повторен избор.
(3) Од редот на членовите именувани во ставот (2) на овој член Комисијатаизбира претседател со мандат од една година.
Именување на членови на Комисијата
Член 18
За член на Комисијата може да биде именувано лице кое ги исполнува следнивеуслови:
- да е државјанин на Република Македонија и да има постојано место на живеењево Република Македонија и
- да има високо образование и искуство од областа на човековите права или
општествените науки.
Член 19
(1) Собранието на Република Македонија го објавува огласот за именување начленовите на Комисијата во „Службен весник на Република Македонија“ и водневен печат.
(2) Огласот од ставот (1) на овој член трае 15 дена од денот на неговотообјавување во „Службен весник на Република Македонија“.
(3) При изборот на членовите на Комисијата да се има предвид принципот засоодветна и правична застапеност.
(4) Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието наРепублика Македонија подготвува предлог на листа од пријавените кандидати ија доставува до Собранието на Република Македонија.
Член 20
(1) Претседателот на Комисијата пред истекот на неговиот мандат за претседателможе да биде разрешен по негово барање.
(2) Доколку претседателот е разрешен согласно со ставот (1) на овој членКомисијата избира претседател за остатокот на мандатот на разрешениотпретседател.
Член 21
(1) Членовите на Комисијата имаат статус на именувани лица.
(2) Членовите на Комисијата имаат право на месечен надоместок во висина оддве просечни месечни нето плати исплатени по работник во РепубликаМакедонија.
Разрешување на член на Комисијата
Член 22
(1) Собранието на Република Македонија го разрешува членот на Комисијатапред истекот на мандатот по предлог на Комисијата за прашања на изборите иименувањата, ако: 1) сам го побара тоа;
2) поради смрт;
3) со правосилна одлука му е изречена забрана за вршење професија дејност илидолжност;
4) со правосилна судска одлука е осуден на казна затвор од над шест месеци илипо кој било основ е казнет за дискриминација;
5) трајно ја загуби психофизичката способност за вршење на функцијата и6) нестручно, пристрасно и несовесно ја врши функцијата. (2) Исполнувањето наусловите за разрешување од ставот (1) на овој член ги утврдува Комисијата сомнозинство гласови од вкупниот број членови и поднесува иницијатива заразрешување на член на Комисијата до Собранието на Република Македонија.
Член 23
Кога член на Комисијата е разрешен согласно со одредбите од членот 17 на овојзакон Собранието на Република Македонија објавува оглас за именување на членна Комисијата со мандат во траење по истекот на мандатот на разрешениот член.
Надлежности на Комисијата
Член 24
Надлежности на Комисијата:
1) постапува по претставки, дава мислење и препораки за конкретните случаи надискриминација;
2) на подносителот на претставката му дава информации за неговите права иможности за покренување на судска или друга постапка за заштита;
3) покренува иницијатива за поведување на постапка пред надлежните органипоради сторени повреди на овој закон;
4) поднесува годишен извештај до Собранието на Република Македонија;
5) ја информира јавноста со случаите на дискриминација и превзема активностиза промоција и едукација на еднаквоста, човековите права и недискриминација;
6) го следи спроведувањето на овој закон, иницира измена на прописи зарадиспроведување и унапредување на заштитата од дискриминација;
7) воспоставува соработка со органите надлежни за остварување на еднаквости заштита на човековите права во локалната самоуправа;
8) дава препораки на државните органи за преземање на мерки за остварувањена еднаквоста;
9) дава мислења по предлози на закони од значење за заштита оддискриминација;
10) прибира статистички и други податоци, формира бази на податоци,спроведува студии, истражувања и обуки во врска со дискриминацијата;
11) соработува со соодветни национални тела на други држави, како и сомеѓународни организации на полето на заштита од дискриминација и
12) донесува деловник за работа и други акти за внатрешна организација наработата.
V. ПОСТАПКА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА
ПРЕД КОМИСИЈАТА
Постапување на Комисијата
Член 25
(1) Лицето кое смета дека претрпело дискриминација поднесува претставка доКомисијата, писмено или усно на записник, без обврска за плаќање на такса идруг надоместок.
(2) Со претставката лицето поднесува докази и факти од кои може да се утврдиактот или дејствието на дискриминација.
(3) Постапката пред Комисијата за лицата кои живеат во единиците на локалнатасамоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различенод македонскиот јазик, можат да употребат кој било од службените јазици инеговото писмо. Ваквите поднесоци Комисијата ги преведува на македонски јазики неговото кирилско писмо и постапува по нив.
(4) Комисијата по поднесените претставки одговара на македонски јазик и нанеговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребуваграѓанинот.
(5) Претставката може да се поднесе најдоцна во рок од три месеци од денот когабила сторена повредата или најдоцна една година од дознавањето за актот надискриминација.
(6) Комисијата може да поведе постапка и по истекот на рокот доколку оценидека се работи за случај од таква важност за кој би било неопходно и целисходнода се води постапката.
(7) Комисијата претставката ја доставува до лицето против кого е поднесена ворок од 15 дена од денот на приемот.
Член 26
(1) Комисијата постапува по претставката доколку постапката пред судот заистата работа не е веќе поведенa или правосилно завршенa.
(2) Комисијата не постапува по претставката ако е очигледно дека нема повредана правото на кое поднесувачот се повикува, ако во истата работа веќепостапувал, а не се понудени нови докази и ако утврди дека поради истек навремето од направената повреда на правото, не е можно да се постигне целта напостапката.
Утврдување на фактичка состојба
Член 27
(1) По прием на претставката Комисијата ја утврдува фактичката состојба со увидво документите и земање на изјави од подносителот на претставката, лицетопротив кое е поднесена претставката, како и од други лица.
(2) Лицето против кое е поднесена претставката може да се изјасни за наводитево претставката во рок од 15 дена од денот на нејзиниот прием.
Мислење и препораки
Член 28
(1) Комисијата дава мислење за наводната дискриминација во рок од 90 дена одденот на поднесувањето на претставката и за тоа го известува поднесувачот илицето против кое е поднесена претставката.
(2) Со писменото мислење, а по утврдената дискриминација, Комисијатапрепорачува начин на отстранување на повредите на правото.
(3) Лицето на кое препораката е упатена, е должно да постапи по препораката ида ја отстрани повредата на правото во рок од 30 дена од денот на приемот напрепораката, како и за тоа да ја извести Комисијата.
Член 29
Ако лицето на кое препораката е упатена не постапи по препораката, односно неја отстрани повредата на правото, Комисијата може да покрене иницијатива заповедување на постапка пред надлежен орган за утврдување на неговатаодговорност.
Стручно-административни и технички работи на Комисијата
Член 30
Стручно-административните и техничките работи на Комисијата ги вршиКомисијата.
Соработка со други органи
Член 31
Сите физички и правни лица, државни органи, органи на единиците на локалнатасамоуправа, други органи и организации кои вршат јавни овластувања и јавниустанови и служби, се должни на барање на Комисијата да и дадат податоци законкретни случаи на дискриминација.
Вршење увид во документација
Член 32
Во вршењето на работите од својата надлежност Комисијата може да извршинепосреден увид во документацијата на државните органи, органите наединиците на локалната самоуправа, другите органи и организации кои вршатјавни овластувања и јавните установи и служби кои располагаат со податоци иинформации за случаи на дискриминација.
Соработка со Народниот правобранител
Член 33
Во вршењето на работите од својата надлежност Комисијата соработува соНародниот правобранител за конкретни случаи на дискриминација.
VI. СУДСКА ЗАШТИТА
Судска надлежност и постапка
Член 34
(1) Лицето кое смета дека поради дискриминација му е повредено некое правое oвластено да поднесе тужба пред надлежен суд.
(2) Во постапката соодветно се применуваат одредбите од Законот за парничнатапостапка.
(3) Постапката е итна.
Месна надлежност
Член 35
Во постапката за заштита од дискриминација месно е надлежен, покрај судот заопшта месна надлежност и судот на чие подрачје е седиштето, односноживеалиштето на тужителот.
Тужба
Член 36
(1) Со тужбата од членот 34 став (1) на овој закон може да се бара: 1) да сеутврди дека тужениот го повредил правото на тужителот на еднаков третман,односно дејствието коешто го презел или пропуштил може непосредно да доведедо повреда на правата на еднаквост во постапувањето;
2) да се забрани преземање дејствија со кои се крши или може да се прекршиправото на тужителот на еднакво постапување, односно да се извршат дејствијасо кои се отстранува дискриминацијата или нејзините последици;
3) да се надомести материјалната и нематеријалната штета причинета со повредана правата заштитени со овој закон и
4) да се објави во медиумите пресудата со која е утврдена повреда на правата наеднакво постапување на трошок на тужениот.
(2) Барањата од ставот (1) на овој член може да се истакнат заедно со барањатаза заштита на други права за кои се одлучува во парнична постапка, ако ситебарања се во меѓусебна врска и ако ист суд е стварно надлежен за нив, без огледдали за тие барања е пропишано решавање во општа или во посебна парничнапостапка.
Мерки за обезбедување
Член 37
(1) Пред започнувањето или во текот на постапката по повод тужбеното барањеод членот 36 став (1) на овој закон судот може, на предлог на странката, даодреди мерки за обезбедување.
(2) Со поднесувањето на предлогот за мерки за обезбедување потребно е:
- подносителот на барањето да направил веројатно дека е повредено неговотоправо на еднакво постапување и
- одредувањето на мерката да е потребно заради отстранување на опасноста одненадоместлива штета, особено тешки повреди на правата на еднаквопостапување или спречување на насилство.
(3) За мерките од ставот (1) на овој член одлучува судот кој е надлежен затужбените барања на начин и во постапка утврдени со закон.
Товар на докажување
Член 38
(1) Ако странката во судска постапка тврди дека согласно со одредбите на овојзакон и е повредено нејзиното право на еднакво постапување е должна да гиизнесе сите факти и докази кои го оправдуваат нејзиното тврдење.
Докажувањето дека немало дискриминација паѓа на товар на спротивнатастранка.
(2) Одредбата од ставот (1) на овој член не се применува во прекршочната иказнената постапка.
Учество на трети лица
Член 39
(1) Во парница по повод тужбата од членот 34 на овој закон може, какозамешувач на страна на лицето кое тврди дека е дискриминирано, да сепридружи орган, организација, установа, здружение или друго лице кое ворамките на својата дејност се занимава со заштита на правата на еднаквопостапување за чиишто права се одлучува во постапката. За учеството назамешувачот одлучува судот со примена на одредбите на Законот за парничнатапостапка.
(2) Судот ќе дозволи учество на замешувач од ставот (1) на овој член само соодобрение на лицето на чијашто страна замешувачот сака да се замеша.
(3) Замешувачот од ставот (1) на овој член може да презема дејствија вопостапка и во постапката ги има сите права што му припаѓаат на замешувачот.
(4) Без оглед на резултатот на парницата замешувачот од ставот (1) на овој членсам ги сноси трошоците од своето учество во парницата.
Јавно објавување на пресудата
Член 40
(1) Барањето за објавување на пресудата од членот 36 став (1) точка 4 на овојчлен судот ќе го усвои ако утврди дека:
1) до повреда на правата на еднакво постапување дошло со посредство намедиумите или
2) информацијата за постапување кое го крши правото на еднакво постапувањебила објавена во медиумите, а објавувањето на пресудата е потребно порадицелосен надоместок за сторената штета или заштита од нееднакво постапувањево идни случаи.
(2) Ако го усвои барањето за објавување на пресудата, судот ќе наложипресудата да се објави во целост или делумно заради заштита на лични податоци.
(3) Пресудата со која се налага објавување во медиумите го обврзува издавачотна медиумот во кој треба да се објави пресудата, без оглед на тоа дали билстранка во постапката.
Заедничка тужба за заштита од дискриминација
Член 41
(1) Здруженија и фондации, установи или други организации од граѓанскотоопштество, кои имаат оправдан интерес за заштита на колективните интереси наодредена група или во рамките на својата дејност се занимаваат со заштита направата на еднакво постапување, можат да поднесат тужба и во постапката предсудот да настапат како сопарничари против лицето кое го повредило правото наеднакво постапување, ако направат веројатно дека со постапувањето натужениот е повредено правото на еднакво постапување на поголем број лица.
(2) Во тужбата од ставот (1) на овој член може да се истакне барање:
1) да се утврди дека постапувањето на тужениот го повредило еднаквиот третманво однос на членовите на групата;
2) да се забрани преземање дејствија со кои се крши или може да се прекршиеднаквиот третман, односно да се извршат дејствија со кои се отстранувадискриминацијата или нејзините последици во однос на членовите на групата и
3) пресудата со која е утврдена повреда на правата на еднакво постапување дасе објави во медиумите на трошок на тужениот.
(3) Другите одредби од овој закон, кои се однесуваат на тужбите од членот 36став (1) на овој закон, на соодветен начин се применуваат на тужбата од ставот(1) на овој член.
(4) Тужбата од ставот (1) на овој член е дозволена доколку постои согласност одлицето кое тврди дека е дискриминирано.
VII. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ
Член 42
(1) Глоба во износ од 400 до 600 евра во денарска противвредност ќе се изречеза прекршок на секој оној кој повикува или поттикнува на дискриминација ипомага во дискриминаторско постапување врз основа на дискриминаторскаоснова (член 3).
(2) Глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност ќе се изречеза прекршокот од ставот (1) на овој член на одговорното лице во правното лице,државен орган, органот на единицата на локалната самоуправа или орган сојавни овластувања или на поединец кој во вид на регистрирано занимање вршиопределна дејност.
(3) Глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече
за прекршокот од ставот (1) на овој член на правното лице.
Член 43
(1) Глоба во износ од 400 до 600 евра во денарска противвредност ќе се изречеза прекршок на секој оној кој ќе го повреди достоинството на одредено лице илисоздавање заканувачка, непријателска, понижувачка или застрашувачка средина,пристап или практика (член 7).
(2) Глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност ќе се изречеза прекршокот од ставот (1) на овој член на одговорното лице во правното лице,државен орган, органот на единицата на локалната самоуправа или орган сојавни овластувања или на поединец кој во вид на регистрирано занимање вршиопределна дејност.
(3) Глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изречеза прекршокот од ставот (1) на овој член на правното лице.
Член 44
(1) Глоба во износ од 400 до 600 евра во денарска противвредност ќе се изречеза прекршок на секој оној кој ќе го доведе во неповолна состојба лицето коепријавило дискриминација или на кој било начин учествувало во постапката задискриминација.
(2) Глобата од ставот (1) на овој член ќе се изрече на секој кој намерно вонеповолна положба ќе го доведе лицето кое било сведок во постапката задискриминација или одбило налог за дискриминаторско однесување.
(3) Глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност ќе се изречеза прекршокот од ставот (1) на овој член на одговорното лице во правното лице,државен орган, органот на единицата на локалната самоуправа или орган сојавни овластувања или на поединец кој во вид на регистрирано занимање вршиопределна дејност.
(4) Глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изречеза прекршокот од ставот (1) на овој член на правното лице.
Член 45
Глоба во износ од 400 до 600 евра во денарска противвредност ќе се изрече наодговорното лице во правното лице, државен орган или орган на единицата налокалната самоуправа, ако на барање на Комисијата во рок од 30 дена нема дадостави податоци за дискриминацијата или не дозволи увид во спис (членови 31и 32).
VIII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 46
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службенвесник на Република Македонија,” а ќе се применува од 1 јануари 2011