Усвоен и отворен за потпишување и ратификување или пристапување со резолуција на генералното собрание на ОН 2200 А од 16 декември 1966 година. Стапи во сила на 23 март 1976 година.
Државите договорнички на овој Пакт,
Сметајќи, во согласност со начелата прокламирани во Повелбата дека признавањето на вроденото достоинство и еднаквите и неотуѓиви права на сите членови на човечкото семејство е темел на слободата, правдата и мирот во светот,
Признавајќи дека овие права произлегуваат од вроденото достоинство на човековата личност,
Признавајќи дека во согласност со Универзалната декларација за правата на човекот, идеалот на слободното човечко суштество, ослободено од страв и беда може да биде постигнат само ако се создадени услови кои секому му овозможуваат да ги ужива своите економски, социјални и културни права, исто така како и своите граѓански и политички права,
Сметајќи дека Повелбата на ОН им наметнува на државите обврска за унапредување на сеопштото и вистинското почитување на човековите права и слободи,
Имајќи предвид дека поединецот има должности спрема другите поединци и заедницата на која и припаѓа како и одговорност да тежнее кон унапредување и почитување на правата признати во овој Пакт,
Се согласија за следните членови:
ПРВ ДЕЛ
Член 1
1. Сите народи имаат право на самоопределување. Врз основа на ова право тие слободно ја уредуваат својата политичка положба и слободно го спроведуваат својот стопански, општествен и културен развој.
2. Заради остварување на своите цели сите народи можат слободно да располагаат со своите природни богатства и извори без нанесување штета на обврските кои произлегуваат од меѓународната стопанска соработка, заснована врз начелото на взаемна корист и меѓународно право. Во никој случај народот не смее да биде лишен од своите сопствени средства за опстанок.
З. Државите договорнички на овој Пакт, вклучувајќи ги тука и оние кои се одговорни за управување со несамоуправните територии и териториите под старателство се должни да го олеснат остварувањето на правото на народите на самоопределување и да го почитуваат ова право согласно со одредбите на Повелбата на ОН.
ВТОР ДЕЛ
Член 2
1. Државите договорнички на овој Пакт се обврзуваат да ги почитуваат и гарантираат правата признати во овој Пакт на сите поединци кои се наоѓаат на нивната територија и потпаѓаат под нивна власт без какво било разликување, особено во поглед на раса, боја на кожа, пол, јазик, вероисповед, политичко или секое друго убедување, национално и општествено потекло, имот, раѓање или други околности.
2. Државите договорнички на овој Пакт се обврзуваат дека, во согласност со своите уставни постапки и со одредбите на овој пакт, ќе преземат потребни чекори за усвојување такви мерки од законодавен или друг карактер, погодни да се остварат правата од овој Пакт кои се уште не стапиле во сила.
3. Државите договорнички на овој Пакт се обврзуваат да:
(а) обезбедат на секое лице чии права и слободи признати во овој Пакт му бидат повредени, да располага со правото на делотворна жалба дури и тогаш кога повредата била сторена од лица при извршување на нивните службени должности;
(б)обезбедат надлежна судска, управна или законодавна власт, или секоја друга власт која според законодавството на државата е надлежна да решава за правата на лицата кои вложиле жалба и да развива можности за судски правни лекови;
(ц)да обезбедат надлежните власти да постапуваат по секоја жалба усвоена како оправдана.
Член 3
Државите договорнички на овој Пакт се обврзуваат да обезбедат еднакво право за мажите и жените во уживањето на сите политички и граѓански права утврдени во овој Пакт.
Член 4
1. Во случај кога опстанокот на нацијата го загрозува вонредна јавна опасност, која е прогласена по официјален пат, државите договорнички на овој Пакт можат да преземат, во обем строго одреден од барањата на ситуацијата, мерки со кои ќе се укинат обврските предвидени до овој Пакт доколку тие мерки не се неспоиви со другите обврски кои им ги наметнува меѓународното право и доколку со себе не повлекуваа дискриминација заснована на раса, боја на кожа, пол, јавна вероисповед или општествено потекло.
2. Претходната одредба не дава овластување за какво и да е отстапување од членовите 6,7,8 (став 1 и 2), 11, 15, 16 и 18.
3. Државите договорнички на овој Пакт кои го користат правото на укинување, со посредство на Генералниот секретар на ОН ќе ги известат другите држави договорнички за одредбите кои ги укинале, како и за причините што ги навеле на тоа. Ново известување ќе биде извршено на ист начин оној ден кога ќе биде окончано ова укинување.
Член 5
Ниедна одредба на овој Пакт не може да биде толкувана како на некоја држава, група или поединец да им дава какво било право да се впуштат во каква и да е дејност или да вршат каков било чин со цел за нарушување на правата или слободите признати во овој Пакт, или за ограничувања од поширок обем од оние што се предвидени со овој Пакт.
Нема да се дозволи никакво ограничување или укинување на основните човекови права признати или кои се во сила во некоја држава договорничка на овој Пакт, врз основа на закон, конвенција, пропис или обичај, под изговор дека овој Пакт не ги признава или ги признава во потесен обем.
ТРЕТ ДЕЛ
Член 6
1. Секое човечко суштество има право на живот. Ова право ќе биде заштитено со закон. Никој не може самоволно да биде лишен од живот.
2. Во земјите каде смртната казна не е укината, смртна пресуда може да биде изречена само за најтешки злосторства, во согласност со законодавството кое е на сила во времето кога злосторството е сторено и кое не е во спротивност со одредбите на овој Пакт, ниту со Конвенцијата за спречување и казнување злосторство геноцид. Оваа казна може да биде применета само врз основа на конечна пресуда која ја донел надлежниот суд.
3. Кога лишувањето од живот претставува злосторство геноцид, ќе се смета дека никаква одредба на овој член не овластува една држава договорничка на овој Пакт да укине на било кој начин каква било обврска преземена врз основа на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид.
4. Секој осуден на смрт има право да бара помилување или замена на казната. Амнестија, помилување или замена на смртната казна може да се даде во сите случаи.
5. Смртна пресуда не може да биде изречена за злосторства кои ќе ги сторат лица помлади од 18 години и не може да биде извршена над бремена жена.
6. Државата договорничка на овој Пакт не може да се повикува ниту на една одредба од овој член за да го одложи или спречи укинувањето на смртната казна.
Член 7
Никој не може да биде подложен на мачење, ниту свирепо, нечовечно или понижувачко постапување или казнување. Особено е забрането подложување на некое лице на медицински или научни експерименти без негова слободна согласност.
Член 8
1. Никој не може да биде држен во ропство, ропството и трговијата со робови се забранети во сите форми.
2. Никој нема да биде држен во потчинетост.
3.
а) Никој не може да биде присилен на вршење принудна или задолжителна работа.
б) точката а на овој став не може да биде толкувана како да забранува извршување на казна принудна работа изречена од страна на надлежен суд, во земјите каде некои злосторства можат да бидат казнети со лишување од слобода со принудна работа;
в) не се смета како ,,принудна или задолжителна работа,, во смисла на оваа одредба:
i) секоја работа или служба на која се однесува точката б, а која нормално се бара од лицата затворени врз основа на редовна судска одлука или кои на основа на таа одлука се наоѓаат на условен отпуст.
ii) секоја служба од воена природа и во земјите каде се прифаќа приговор на совеста, секоја национална служба која се бара врз основа на законот од приговарачите;
iii) секоја служба која се бара во случај на виша сила или несреќа која го загрозува животот или благосостојбата на заедницата;
iiii)секоја работа или служба која е дел од нормалните граѓански обврски.
Член 9
1. Секој има право на слобода и лична безбедност. Никој не може да биде предмет на самоволно апсење или притворање. Никој не може да биде лишен од слобода освен од причини и во согласност со постапката предвидена со закон.
2. Секој што е уапсен во моментот на апсење ќе биде известен за причините на апсењето и во најкраток рок ќе му се соопшти какво било обвинението против него.
3. Секој што е уапсен или притворен поради кривично дело во најкраток рок ќе биде изведен пред судија или некој друг службеник со закон овластен да врши правосудна функција и во разумен рок ќе му се суди или ќе биде ослободен. Ставањето во притвор на лицата кои очекуваат да им се суди не смее да биде општо правило меѓутоа пуштањето на слобода може да биде условено со кауција која ќе го осигура присуството на лицата на судењето и во било кој стадиум на судската постапка како и во случај на потреба заради извршување на пресудата.
4. Секој што е лишен од слобода по пат на апсење или притворање има право да поднесе жалба до судот со цел судот без одлагање да одлучИ за законитоста на неговото притворање и да нареди негово ослободување ако притворањето било незаконито.
5. Секој што станал жртва на незаконито апсење или притворање има право на надомест на штета.
Член 10
1. Со секој што е лишен од слобода ќе се постапува човечно и со почитување на вроденото достоинство на човековата личност.
2
а) Обвинетите лица освен во исклучителни прилики се одвоени од осудените и се подложени на посебна постапка која одговара на нивната положба на неосудувани лица
б)Обвинетите малолетници ќе бидат одвоени од возрасните и за нивниот случај ќе се одлучува што е можно поскоро.
3. Казнено поправниот режим подразбира постапување со осудениците со цел за нивно превоспитување и повторно вклучување во општеството. Малолетните престапници ќе бидат одвоени од возрасните и подложени на режим кој ќе одговара на нивната возраст и нивната правна положба.
Член 11
Никој не може да биде затворен само од причина што не е во состојба да изврши некоја договорена обврска.
Член 12
1. Секој што легално се наоѓа на територијата на една држава има право во неа слободно да се движи и да го избере своето место на престој.
2. Секое лице е слободно да ја напушти која и да е земја влкучувајќи ја тука и сопствената.
3. Напред наведените права можат да бидат предмет на ограничувања предвидени само со закон кои се нужни за заштита на националната безбеденост, јавниот поредок, јавното здравје или јавниот морал, или правата и слободите на другите лица и во согласност со другите признати во овој Пакт.
4. Никој не може да биде произволно лишен од правото да влези во сопствената земја.
Член 13
Странец кој законски се наоѓа на територијата на држава договорничка на овој Пакт може да биде протеран оттаму само врз основа на извршување на одлука донесена согласно со закон и доколку повисоки причини на националната безбедност не се противат тој мора да има можност да истакне причини кои се против неговото протерување и од страна на надлежните власти или едно или повеќе лица посебно назначени да бара неговиот случај да се преиспита, за која цел ќе има застапник.
Член 14
1. Сите се еднакви пред судовите и пред судовите на правдата. Секој има право неговиот предмет да биде праведно и јавно сослушан од страна на надлежен, независен и непристрасен суд, установен со закон, кој ќе одлучува било за основаноста на кое и да е обвинение од кривичната природа насочено против него, било во споровите за неговите права и обврски од граѓаноправната природа. Печатот и јавноста можат да бидат отстранети во текон на целото или еден дел од судењето, било во интерес на моралот, јавниот поредок или националната безбедност во едно демократско општество, било кога тоа го бараат интересите на приватниот живот на страните во спорот или пак доколку судот тоа го смета за апсолутно нужно кога поради посебни околности на случајот јавноста би им наштетила на интересите на правдата. Меѓутоа секоја пресуда донесена во кривичните или граѓанските предмети ќе биде јавна освен ако интересот на малолетникот бара да биде поинаку, или доколку постапката се однесува на брачните спорови или старателството на децата.
2. Секој што е обвинет за кривично дело има право да биде сметан за невин се додека неговата вина не се докаже врз основа на закон.
3. Секој што е обвинет за кривично дело има потполно еднакво право во следните гаранции:
а) во најкраток рок да биде подробно известен за природата и причините на обвинението против него на јазикот кој го разбира,
б) да има доволно време и олеснувања на располагања за подготовка на својата одбрана и општење со бранителот по свој избор,
ц) да му биде судено без непотребно одложување,
д) да биде присутен на судењето и да се брани сам или со помош на правен застапник по свој избор, ако нема правен застапник да биде известен за своето право да го има и кога тоа е во интерес на правдата, да бара да му додели бранител по службена должност без плаќање торшоци ако нема доволно средства да ги плати.
е) да испитува и да издејствува испитување на сведоци на обвинението и да постигне да пристапат кон судот и да бидат сослушани сведоците во негова корист под исти услови како сведоците на обвинението.
ф) Да добие бесплатна помош од толкувач ако не го разбира и не го зборува јазикот кој се употребува во судот.
г) да не биде принуден да сведочи против самиот себе или да ја признае вината
4. Во постапка која се применува спрема младината која од аспект на кривичниот закон се уште не е полнолетна, ќе се води сметка за нејзината возраст и за интересот кој го претставува нејзиното превоспитување.
5. Секој што е огласен за виновен за некое кривично дело или право неговата вина и пресуда да се разгледа од страна на повисокиот судски орган во согласност со законот.
6. Кога една конечна пресуда подоцна е поништена или кога е дадено помилување поради тоа што еден нов или новооткриен факт докажува дека дошло до судска заблуда, лицето кое ја издржало казната на основа на таа пресуда ќе биде обештетено во согласност со законот, ако не се докаже дека тоа е целосно или делумно виновно за неоткривањето на непознатиот факт на време.
7. Никој не може да биде кривично одговорен или казнет за дело за кое веќе бил ослободен или осуден со конечна пресуда во согласност со законот и кривичната постапка на секоја држава.
Член 15
1. Никој нема да биде сметан за виновен за дела или пропусти кои не претставувале кривично дело според домашното или меѓународното право во времето кога биле извршени. Исто така нема да биде изречена некоја потешка казна од онаа која можела да биде применета во моментот кога кривичното дело било извршено. Ако подоцна по извршувањето на делото, со законска одредба биде предвидена примена на поблага казна со престапникот ќе се постапува според неа.
2. Ништо на овој член не е против судење и осуда на секој поединец поради дејствија или пропусти кои во времето кога се извршени се сметани за кривични дела според општите правни начела признати од страна на меѓународната заедница.
Член 16
Секој има право секаде да му биде признат правен субјективитет.
Член 17
1. Никој не може да биде изложен на самоволно или незаконито мешање во неговиот приватен живот, семејството, стан или преписка, ниту на незаконити напади на неговата чест и углед.
2. Секој има право на законска заштита против таквото мешање или напад.
Член 18
1. Секој има право на слобода на мислење, совест и вероисповед. Ова право подразбира слобода да се остане при својата, или да се усвои вероисповед или убедување по свој избор, како и слобода поединечно или во заедница со другите, јавно или приватно, да ги манифестира своите верувања или убедувања преку вероисповедувањето, вршење на обреди, посетување служби и настава.
2. Никој нема да биде подложен на присила која би можела да ја повреди слободата да остане при својата вера или да прифати вера или убедување по свој избор.
3. Слободата на манифестирање на својата вера или своето убедување може да биде подложена единствено на ограничувања кои се предвидени со закон, а кои се неопходни за заштита на јавната безбедност, поредокот, здравјето или моралот, или основните слободи и права на другите лица.
4. Државите договорнички на овој Пакт се обврзуваат на почитување на слободата на родителите и во случај на потреба на законските старатели да обезбедат верско и морално воспитување на своите деца согласно со своите сопствени убедувања.
Член 19
1.Никој не може да биде вознемируван поради своето мислење.
2.Секој има право на слобода на изразување; Ова право подразбира слобода да се бараат, примаат и шират известувања и идеи од секој вид, без оглед на границите, било усно, писмено, по пат на печат или во уметничка форма, или со кое било друго средство по свој избор.
3.Остварувањето на слободата предвидена во став 2 на овој член повлекува посебни обврски и одговорности. Тоа може да биде подложено на одредени ограничувања кои сепак мора да бидат изречно утвредни со закон и кои се нужни:
а) за почитување на правата и угледот на другите лица;
б) за заштита на националната безбедност, или јавниот поредок, или јавното здравје или морал.
Член 20
1. Секоја пропаганда во корист на војната ќе биде забранета со закон
2. Со закон ќе биде забранет секој заговор за национална, расна или верска омраза која поттикнува на дискриминација, непријателство или насилство.
Член 21
Се признава правото на мирно собирање. Вршењето на тоа право може да биде предмет на ограничувања наменети во согласност со закон и кои се нужни во едно демократско општество во интерес на националната безбедност или јавната сигурност, јавниот поредок, заштитата на јавното здравје или морал или правдата и слободите на другите лица.
Член 22
1. Секој има право слободно да се здружува со други лица, вклучувајќи го тука и правото да образува синдикати и слободно да им пристапува заради заштита на своите интереси.
2. Вршењето на тоа право може да биде предмет само на ограничувања предвидени со закон и кои се неопходни во едно демократско општество во интерес на националната безбедност, или јавната сигурност, јавниот поредок, или заштита на јавното здравје или морал, или слободите и правата на другите лица. Овој член не спречува вршење на ова права од страна на членовите на оружените сили и полицијата да се подложи на законски ограничувања.
3. Ниедна одредба на овој член не ги овластува државите учеснички на Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот од 1948 за синдикалните слободи и заштитата на синдикалните права да преземаат законодавно мерки или да применат закон кој ги повредува гаранциите предвидени во таа Конвенција.
Член 23
1. Семејството е природна и основна клетка на општеството и има право на заштита од страна на општеството и државата.
2. Се признава правото на стапување во брак и засновање семејство на мажи и жени зрели за брак.
3. Ниеден брак не може да биде склучен без слободна и целосна согласност на идните сопружници.
4. Државите договорнички на овој Пакт ќе преземат соодветни мерки за обезбедување еднаквост во правата и одговорностите на сопружниците во однос на бракот, за време на бракот и при неговото раскинување. Во случај на развод на бракот ќе се донесе одлука за да се обезбеди потребна заштита на децата.
Член 24
1. Секое ете без какво и да е разликување засновано на раса, боја на кожа, пол, јазик, вероисповед, национално и општествено потекло, имот или раѓање, има право на мерки на заштита од страна на неговото семејство, општество и држава кои ги бара неговата положба на малолетник.
2. Секое дете ќе биде регистрирано веднаш по раѓањето и ќе има име.
3. Секоедете има право да стекне државјанство.
Член 25
Секој граѓанин без какваи да е дискриминација на која се однесува членот 2 и без неразумни ограничувања има право и можности:
а) да учествува во водење на јавните работи, било непосредно било преку слободно избраните претставници
б) да гласа и да биде биран на повремени правилно одржани избори, со еднакво и општо бирачко право, спроведни со тајно гласање со кое се обезбедува слободно изразување и волјата на бирачите
ц) да му биде достапна јавната служба на неговата земја под општите услови на еднаквост
Член 26
Сите се еднакви пред законот и имаат право на подеднакви заштита без какво и да е дискриминација. Во овој поглед законот ќе забрани секаква дискриминација и ќе им гарантира на сите лица подеднаква и успешна заштита против секоја дискриминација, особено на основа на раса, боја на кожа, пол, јазик, вероисповед, политичко или било кое друго мислење, национално или општествено потекло, имот, раѓање, или некоја друга состојба.
Член 27
Во државите постојат етнички, верски или јазични малцинства, лицата кои припаѓаат на тие малцинства не можат да бидат лишени од правото да имаат во заедница со другите членови на својата група свој сопствен културн живот, да ја исповедаат својата вероисповед и да обавуваат верски должности и да го употребуваат својот јазик.
ЧЕТВРТИ ДЕЛ
Член 28
1. Севоспоставува Комитет за човекови права(во понатамошниот текст: Комитет). Овој Комитет ќе биде составен од 18 члена и ќе ги врши подолу одредените должности.
2. Комитетот ќе биде составен од државјани на државите договорнички на овој Пакт кои мора да бидат личности со високи морални особини и призната компетентност во областа на човековите права. ќе се води сметка за корисноста од учество во работата на Комитетот на одредени лица кои имаат правно искуство.
3.Членовите на Комитетот се бираат и заседаваат во лично својство.
Член 29
1.Членовите на Комитетот се бираат со тајно гласање од листа на лица кои поседуваат својства пропишани во членот 28 и кои државите договорнички на овој Пакт ги предложиле за таа цел.
2. Секојадржава договорничка на овој Пакт може да предложи најмногу 2 лица. Овие лица мора да бидат државјани на државата која ги предложила.
3. Истолице може повторно да биде предложено.
Член 30
1. Првиотизбор ќе се изврши најдоцна 6 месеци од денот на стапување во сила на овој Пакт.
2. Најмалку4 месеци пред денот на секој избор за Комитетот, освен изборот за пополнување на празното место кое е огласено за такво во согласност со членот 34, генералниот секретар на ООН по писмен пат ќе ги повика државите договорнички на овој Пакт да одредат кандидати кои ги предлагаат за членови на Комитетот во рок од 3 месеци.
3. Генералниотсекретар на ООН ќе изготви список по азбучен ред на сите предложени лица, наведувајќи ги државите кои ги предложиле, и ќе го достави до државите договорнички на овој Пакт најдоцна 1 месец пред секој избор.
4.Членовите на Комитетот се бираат на состанокот на државите членки кој го свикува генералниот секретар на ООН во седиштето на ООН на овој состанок, на кој кворумот го сочинуваат 2/3 држави договорнички на овој Пакт, како членови на Комитетот ќе се изберат оние кандидати кои ќе добијат најголем број гласови и апсолутно мнозинство гласови на претставници на државите договорнички кои се присутни и кои гласаат.
Член 31
1. Комитетот не може да има повеќе од 1 член државјанин на иста држава.
2. Приизборот во комитетот ќе се води сметка за праведна географска распределба и за тоа да бидат застапени различни форми на цивилизација, како и главните правни системи.
Член 32
1. Членовите на Комитетот ќе се изберат за период од 4 години. Тие можат повторно да бидат избрани ако повторно се предложени. Меѓутоа, мандатот на 9 члена избрани при првиот избор истекува по 2 години, веднаш по првите избори имињата на овие членови ќе бидат извлечени по ждрепка од страна на претседавачот на состанокот на кој се однесува ставот 4 на членот 30.
2. По истекот на мандатот изборот ќе се изврши согласно со одредбите на претходните членови на овој Пакт.
Член 33
1. Ако според едногласно мислење на другите членови, еден член на Комитетот престанал да ги врши своите функции од некоја друга причина, а не поради отсуство од привремен карактер, претседателот на Комитетот го известува за тоа генералниот секретар на ООН кој објавува дека е изпразнето местото кое го заземал членот за кој станува збор.
2. Во случај на смрт или оставка на еден член на Комитетот претседателот веднаш го известува за тоа генералниот секретар на ООН кој го прогласува местото за испразнетото сметајќи од денот на смртта или од денот кога оставката стапува во дејство.
Член 34
1. Кога е објавено дека едно место е испразнето согласно со членот 33, и ако мандатот на членот кој треба да биде заменет не истекува во рок од 6 месеци од денот кога местото е прогласено за испразнето, генералниот секретар на ООН ќе ги извести за тоа сите држави договорнички на овој Пакт, кои можат во рок од 2 месеци да одредат кандидат, согласно со одредбите на членот 29, за пополнување на испразнетото место.
2. Генералниот секретар на ООН ќе подготви список на предложените кандидати по абецеден ред и ќе им го соопшти на државите договорнички на овој Пакт. Изборот за пополнување на испразнетото место ќе се изврши согласно со соодветните одредби на овој дел на Пактот.
3. Секој член на Комитетот избран на местото кое е прогласено за испразнето согласно со членот 33, учествува во Комитетот до денот на нормалниот истек на мандатот на членот чие место останало изпразнето во Комитетот согласно со одредбите на споменатиот член.
Член 35
Членовите на Комитетот примаат, со одобрение од Генералното собрание на ООН, надоместоци на товар на средствата на ООН под услови кои ќе ги утврди Генералното собрание со оглед на значењето на функциите во Комитетот.
Член 36
Генералниот секретар на ООН му става на располагање на Комитетот персонал и материјални средства кои му се потребни за успешно извршување на должностите кои му се доверени врз основа на овој Пакт.
Член 37
1. Генералниот секретар на ООН свикува членовите на Комитетот на прва седница во седиштето на ООН
2. По овој состанок Комитетот се состанува кога е предвидено со неговиот деловник.
3. Состаноците на комитетот нормално се одржуваат во седиштето на ООН или во уредот на ООН во Женева.
Член 38
Секој член на Комитетот, пред стапувањето на должност, мора на јавна седница да даде свечена обврска дека својата должност ќе ја врши потполно непристрасно и совесно.
Член 39
1. Комитетот ќе избере свои службеници на рок од 2 години. Тие можат повторно да бидат избрани.
2. Комитетот сам ќе го утврди својот деловник, меѓу останатото тој ќе ги содржи следните одредби:
а) кворумот ќе го сочинуваат 12 членови
б) одлуките на Комитетот ќе се донесуваат со мнозинство од присутните членови
Член 40
1. Државите договорнички на овој Пакт се обврзуваат да поднесуваат извештаи за мерките кои ги усвоиле, а со кои се споредуваат правата признати во овој Пакт, како и за напредокот остварен во ужувањето на овие права:
а) во рок од 1 година сметајќи од денот на стапувањето во сила на овој Пакт за секоја заинтересирана држава договорничка посебно
б) а потоа секогаш кога Комитетот тоа го бара
2. Сите извештаи ќе бидат упатени до генералниот секретар на ООН кој ќе ги доставува до Комитетот на разгледување. Во извештаите ќе се укажува во случај на потреба на факторите и тешкотиите кои влијаат врз спроведувањето на одредбите на овој Пакт.
3. Генералниот секретар на ООН може откако ќе се консултира со Комитетот, да им достави на специјализираните установи препис на сите делови од извештајот кои имаат врска со делокругот на нивната надлежност.
4. Комитетот ќе ги проучи извештаите кои ги поднеле државите договорнички на овој Пакт. Тој ќе им ги упати на државите договорнички сопствените извештаи како и сите општи забелешки кои ги смета за целесообразни. Комитетот може исто така овие забелешки да ги достави до Економскиот и Социјалниот совет, пропратени со препис на извештаите кои ги примил од државите договорнички на овој Пакт.
5. Државите договорнички на овој Пакт можат да поднесуваат до Комитетот мислења за сите забелешки кои ќе бидат сторени врз основа на ставот 4 од овој член.
Член 41
1.Секоја држава договорничка на овој Пакт може врз основа на овој член, да изјави дека во секое време ја признава надлежноста на Комитетот да ги прима и разгледува соопштенија во кои една држава договорничка тврди дека друга држава договорничка не ги исполнува своите обврски спрема овој Пакт. Соопштенијата поднесени врз основа на овој член можат да бидат примени и разгледувани само ако ги поднесла држава договорничка која дала изјава за признавање на надлежноста на Комитетот во однос на неа. Комитетот нема да прима никакво соопштение доколку тоа се однесува на државата договорничка која не дала таква изјава. Во поглед на соопштенијата примени согласно со овој член ќе се примени согласно со овој член ќе се примени следната постапка:
а) ако некоја држава договорничка на овој Пакт смета дека друга држава, исто така договорничка на овој Пакт, не ги применува неговите одредби, таа може со писмено соопштение да и обрне внимание на оваа држава за таа работа. Во рок од 3 месеци, сметајќи од приемот на соопштението, државата на која и е упатено ќе и пружи на државата која го упатила соопштението објаснување или некоја друга писмена изјава за расветлување на прашањето, кои треба да опфатат, во можна и соодветна мерка, податоци за внатрешните правила на постапката и за правните лекови, било да се искористени, било да е во тек нивното решавање или за оние кои се уште се достапни.
б) ако во рок од 6 месеци, сметајќи од денот на приемот на првото соопштение од страна на државата на која и е упатено, прашањето не е решено на задоволство на двете заинтересирани држави договорнички и едната и другата имаат право да го поднесат на Комитетот, упатувајќи соопштение до Комитетот како и до другата заинтересирана држава
ц) Комитетот може да расправа за прашањето кое му е поднесена само откако се утврдил дека биле употребени и исцрпени сите внатрешни правни лекови, во согласност со општо признатите начела на меѓународното право. Ова правило не се применува кога постапката по правните лекови ги надминува размните рокови.
д) Комитетот одржува нејавни седници кога ги разгледува соопштенијата предвидени во овој член
е) под условите на одредбата(в) на овој член Комитетот ќе ги стави своите добри услуги на располагање на заинтересираните држави договорнички за да дојде до спогодбено решение на прашањето врз основа на почитување на човековите права и основни слободи што признава овој Пакт
ф) во секој случај што му е поднесен Комитетот може да бара од заинересираните страни договорнички на кои се однесува точката (б) да му ги дадат сите потребни известувања г) заинтересираните држави договорнички, споменати во точката (б) имаат право да бидат претставувани додека Комитеотт го разгледува прашањето, и усно или писмено, или во една или во друга форма да поднесуваат забелешки.
х) Комитетот е должен да поднесе извештај во рок од 12 месеци од денот кога го примил соопштението за кое станува збор во точката(б):
i) ако е постигнато решение во смисла да одредбите на точката (Е) комитетот во својот извештај ќе се ограничи на кратко излагање на фактите и решението до кое дошло;
ii) ако решение во смисла на одредбите на точката (Е) не можело да биде постигнато Комитетот во својот извештај ќе се ограничи на кратко изложување на фактите. Текстото на писмените забелешки и записникот за усните забелешки на заинтересираните држави ќе се приложи кон извештајот. Во секој случај извештајот ќе им се достави на заинтересираните држави.
2.Одредбите на овој член ќе стапат во сила кога 10 држави договорнички на овој Пакт дале изјави предвидени со ставот 1 на овој член. Таквите изјави државите договорнички ќе ги депонираат кај Генералниот Секретар на ООН. кој ќе им го достави нивниот препис на другите држави договорнички. Изјавата може да биде повлечена во секое време по пат на соопштение на Генералниот Секретар. ова повлекување не влијае штетно врз разгледувањето на кое било прашање кое е предмет на едно веќе доставено соопштение на овој член; а ниедно соопштение на една држава членка нема да биде примено откако Генералниот Секретар примил известување за повлекување на изјавата, доколку заинересираната држава договорничка не направила нова изјава.
Член 42
1.
а) Ако едно прашање поднесено кај Комитетот во согласност со членот 41 не е решено на задоволство на заинтересираните држави договорнички, Комитетот може со претходна согласност на заинтересираните држави договорнички да наименува (адхоц) комисија за мирење(во понатамошниот текст." Комисија"). Комисијата ќе им ги стави на располагање своите добри услуги на заинтересираните држави договорнички со цел да се постигне пријателско решение на прашањето врз основа на почитувањето на овој Пакт;
б) Комисијата ќе биде составена од 5 члена прифатливи за заинтересираните држави договорнички. Ако заинтересираните држави договорнички не постигнат спогодба за составот на Комисијата во целост или делумно во рок од 3 месеци, членовите на Комисијата во поглед на кои не е постигната спогодба ќе ги избере комитетот меѓу своите членови со тајно гласање по пат на 2/3 мнозинство;
2. Членовите на Комисијата заседаваат во лично својство. Тие не можат да бидат државјани ниту на заинтересираните држави договорнички, кои не дале изјава предвидена во членот 41.
3. Комисијата ќе избере свој претседател и ќе усвои деловник.
4. Комисијата нормално ги одржува своите состаноци во седиштето на ООН или во уредот на ООН во Женева. Меѓутоа тие можат да се одржуваат и на секое друго погодно место кое комисијата може да го одреди советувајќи се со генералниот секретар на ООН и заинересираните држави членки.
5. Секретаријатот предвиден во членот 36 своите услуги ќе им ги пружи на комисиите наименувани врз основа на овој член.
6. Известувањата добиени и прегледани од страна на Комитетот и се ставаат на располагање на Комисијата, а комисијата може да бара од заинересираните држави членки да и ги пружат сите дополнителни известувања.
7. Откао целосно ќе го разгледа прашањето во сите негови видови, меѓутоа во секој случај најдолго во рок од 12 месеци од кога тоа било поднесено, Комисијата ќе му поднесе извештај на претседателот на Комитетот со цел да им се соопшти на заинтересираниоте држави договорнички:
а) ако Комисијата не е во состојба да го доврши разгледувањето на прашањето во текот на 12 те месеци, таа ќе се ограничи на тоа во извештајот кратко да наведе до каде дошла во разгледувањето на прашањето:
б) ако дошло до спогодбено решение на прашањето врз основа на почитување на човековите права признати во овој Пакт Комисијата ќе се ограничи во својот извештај кратко да ги наведе фактите и решението кое е постигнато:
ц) ако не дошло до решение во смисла на точката б Комисијата ги внесува во извештајот своите заклучоци за сите факти кои се однесуваат на спорното прашање меѓу заинересираните страни договорнички, како и своите гледишта за можностите на спогодбено решение на случајот. Тој извештај содржи исто така писмени забелешки и записник за усните забелешки на заинтересираните држави договорнички;
д) ако извештајот на Комисијата е поднесен согласно со точката(ц) заинтересираните држави договорнички ќе му соопштат на претседателот на Комитетот, во рок од 3 месеци по приемот на извештајот, дали ја прифаќаат содржината на извештајот на Комисијата или не.
8. Одредбите на овој член треба да се разберат така што да не одат на штета на овластувањата на Комитетот кој се предвидени во членот 41.
9. Ситетрошоци на членовите на Комисијата се распоредуваат подеднакво меѓу заинтересираните држави договорнички врз основа на проценката која ја утврдува генералниот секретар на ООН.
10. Генералниот секретар на ООН е овластен во случај на потреба на членовите на Комисијата да им ги плати трошоците пред заинтересираните држави договорнички и да ги надокнадат согласно со ставот 9 на овој член.
Член 43
Членовите на Комитетот и членовите на (адхок) комисијата за мирење кои можат да бидат наименувани според членот 42 имаат право на олеснување, привилегии и имунитети признати на стручњаци на кои им е доверена некоја задача за сметка на ООН, онака како што се изложени во соодветните оддели на Конвенцијата за привилегии и имунитетите на ООН.
Член 44
Одредбите за спроведување на овој Пакт ќе се применуваат без штета за постапките пропишани во областа на човековите права под услови или врз основа на уставните инструменти и Конвенции на ООН и специјализираните установи, и нема да ги спречуваат државите договорнички да прибегнат кон други начини на решавање на споровите во согласност со општите или посебните меѓународни спогодби кои се меѓу нив на сила.
Член 45
Комитетот ќе му поднесе на Генералното собрание на ООН преку Економскиот и Социјалниот совет, годишен извештај за својата работа.
ПЕТТИ ДЕЛ
Член 46
Ниедна одредба на овој Пакт нема да се толкува како да ги нарушува одредбите на Повелбата на ООН и установите на специјализираните установи со кои се одредува соодветна одговорност на разните органи на ООН и специјализираните установи во поглед на прашањата со кои се занимава овој Пакт.
Член 47
Ниедна одредба на овој Пакт нема да биде толкувана како да го навредува правото на секој народ, целосно и слободно да ги користи и употребува своите природни бигатства и извори.
ШЕСТИ ДЕЛ
Член 48
1. Овој Пакт е отворен за потпишување за сите држави членки на ООН или членки на која и да е од нејзините специјализирани установи, за секоја држава договорничка на Статусот на Меѓународниот суд на правдата, како и за секоја друга држава која ќе ја повика Генералното собрание на ООН да стане договорничка на овој Пакт.
2. Овој пакт подлежи на ратификација. Инструментите на ратификација ќе бидат депонирани кај Генералниот Секретар на ООН.
3. Овој Пакт ќе биде отворен за пристапување на секоја држава на која се однесува ставот 1 на овој член.
4. Пристапувањето ќе се изврши со депонирање на инструментите за пристапување кај Генералниот секретар на ООН.
5. Генералниот секретар на ООН ќе ги извести сите држави кои го потпишале овој пакт, или кои му пристапиле, за депонирање на секој инструмент на ратификација или пристапување.
Член 49
1.Овој пакт ќе стапи во сила 3 месеци по депонирањето кај Генералниот секретар на ООН на 35 -иот инструмент за ратификација или пристапување.
2. За секоја држава која ќе го прифати овој Пакт или ќе му пристапи по депонирањето на 35-иот инструмент за ратификација или пристапување споменатиот Пакт ќе стапи во сила 3 месеци по депонирањето од страна на таа држава на нејзиниот инструмент за ратификација или пристапување.
Член 50
Одредбите на овој Пакт се применуваат врз сите единици на федеративните држави без какви било ограничувања или исклучоци.
Член 51
1. Секоја држава договорничка на овој Пакт може да предложи измена и дополнување и нивниот текст да го достави до Генералниот секретар на ООН Генералниот секретар потоа сите предложени измени и дополнувања ќе ги достави до државите договорнички на овој Пакт барајќи од нив да му соопштат дали сакаат свикување конференција на државите договорнички за разгледување на тие предлози и гласање за нив. Ако најмалку 1/3 од државите се изјаснат во прилог на ваквото свикување Генералниот Секретар ќе свика конференција под покровителство на ООНсекоја измена или дополнување кое ќе го усвои мнозинството на државите договорнички присутни на конференцијата и кои учествуваат во гласањето подлежи на одобрување од Генералното собрание наООН.
2. Овие измени или дополнувања стапуваат во сила кога ќе бидат одобрени од страна на Генералното собрание на ООН и прифатени од 2/3 од државите договорнички на овој Пакт, согласно со нивните уставни постапки .
3. Кога овие измени или дополнувања ќе стапат во сила тие се задолжителни за сите држави договорнички кои ги прифатиле, додека другите држави договорнички остануваат врзани со одредбите на овој Пакт и секоја измена или дополнување која ја прифатиле порано.
Член 52
Независно од соопштенијата предвидени во ставот 5 на членот 48, Генералниот секретар на ООН ќе ги извести сите држави споменати во ставот 1 на истиот член:
а) за потписите ставени на овој Пакт и инструментите за ратификација и пристапување депонирани согласно со членот 48;
б) за датумот на стапување во сила на овој Пакт согласно член 49 и за денот на влегување во сила на секоја измена и дополнување предвидено во членот 51 на овој Пакт.
Член 53
1. Овој Пакт чии текстови на англиски, кинески, шпански, француски и руски се подеднакво веродостојни, ќе биде депониран во архивата на ООН.
Генералниот секретар на ООН заверените преписи на овој Пакт ќе ги достави до секоја држава на која се однесува членот 48