Ова е 42 годишниот битолчанец Коста Ќука-лице со Даунов синдром. Коста е познат во битолската и пошироката јавноста заради фактот што неговата мајка никогаш немала предрасуди и условно речено не го криела своето дете заради тоа што има Даунов синдром, напротив, настапувале јавно и зборувале за проблемите со кои се соочувале, но никогаш не барале сожалување.
Оваа неговата приказна е дотолку повеќе од важна заради фактот што досега сме гледале и сме информирале за донации кои институции, организации и поединци ги донирале кон лицата со попречености по оддредени поводи, овој пак Коста е донатор. Донираше уметност.
Сторијата е подготвена во рамки на проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.