Deprecated: Array and string offset access syntax with curly braces is deprecated in /home/mimwebs/public_html/aktiv.mk/administrator/components/com_dpcalendar/libraries/dpcalendar/DPCalendar/Helper/DPCalendarHelper.php on line 1161
Недостиг на стручни лица во училиштата за деца со попреченост

Стории

Недостиг на стручни лица во училиштата за деца со попреченост

Децата со попреченост немаат специјализирани училишта низ сите градови од земјава. Тие учат во редовни училишта или во приватни одделенија каде што имаат логопеди, дефектолози и психолози. За овие деца освен во Скопје, во училиштата „Иднина“, „Златен Сремец“ и „Свети Климент Охридски“ во Ново село, во ниту еден друг град не им се овозможува специјално основно образование. Ова претставува уште поголем проблем за децата од албанската етничка заедница.

По завршување на специјалното основно училиште, тие немаат можност да се запишат во средно училиште затоа што нема наставен кадар на албански јазик во средното специјално училиште „Искра“ во Штип и во „Свети Наум Охридски“ во Скопје, пишува весникот КОХА.

МОН СО НОВ ЗАКОН ЗА ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Во специјалното училиште „Иднина“ во Скопје, по инсистирање на Министерството за образование и наука, вработени се седум наставници Албанци, но сè уште постои недостиг на кадар, особено логопеди, дефектолози и психолози Албанци. Според министерот Арбр Адеми, министерството со новите реформи кои ги презема ќе ги исполни потребите за нов кадар низ училиштата.
„Во текот на 2018 година се сретнав со претставници на училиштето во Чаир и го слушнав нивното барање за ангажирање на дополнителен стручен кадар во училиштето „Иднина“, и позитивно одговоривме на барањето. МОН секогаш одговора позитивно на барањата на училиштата, без разлика дали станува збор за редовна настава, или, пак за наставата за децата со попреченост“, истакна министерот Арбр Адеми. Тој појасни дека со новиот закон за основно образование ќе се овозможи инклузивно образование, се до оној степен колку што дозволуваат можностите и каде е изводлива наставата за оваа категорија на деца.

Вклучувањето на овие деца во образовниот процес подразбира и проширување на мрежата на училишта, ангажирање на родителите и на здруженијата на лицата со попреченост во текот на реформскиот процес. Исто така, потребно е концептот на инклузивно образование да стане дел од сите наставни предмети и да се овозможи постојан стручен развој на наставниците. Потребно е реформирање на легислативата за превенирање на дискриминацијата врз основа на телесна или интелектуална попреченост. Неопходно е дефинирање на улогата на дефектолозите, додека пак специјалните училишта треба да прераснат во центри за знаења и ресурси кои ќе ги споделуваат наставниците во редовните училишта.

СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА ЗА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ МОЖНОСТИ

Беким Аме, активист и претседател на Здружението „Порака” од Дебар, вели дека во соработка со основните училишта, побарале отворање на едно специјално училиште.

„Специјално училиште во Дебар нема, поради тоа што не добиваме одобрение од МОН. Дневниот центар во градот исто така не функционира како што треба, затоа што нема логопед, дефектолог, развоен терапевт итн. Во однос на вклучување на децата со хендикеп, многумина од родителите не се задоволни од стручните служби во основните училишта каде што има деца со попречност, кои посетуваат настава со останатите деца“, вели Аме.

Логопедот Мухарем Смаили, смета дека децата со аутизам не може да бидат во иста група со останатите, затоа што  со овие деца треба да се работи на попрофесионален начин и со индивидуална работа, а не групна.

„10 годишно дете кое јас го следам во училиште, од прво одделение е запишано во редовно училиште, сега е веќе четврто одделение, но, за жал воопшто не постигнало успех во развојот на сопствените способности. Детето секој ден следи настава, но, за џабе, затоа што за овие деца треба да има специјална програма, составена така што ќе им се овозможи да ги развиваат нивните примарни способности и потоа и останатите со текот на школувањето.”,  истакна логопедот Смаили. Бујар Хоџа, родител на дете со аутизам, вели дека неговото дете посетувало редовно училиште, но немало напредок во наставата.  Тој го носеле детето и во приватни центри за аутизам, како што е центарот „Калинка“, на македонски јазик.

Автор: Дељвина Крљуку
Сторијата е објавена во дневниот весник „Коха“

 

Сторијата е подготвена во рамки на проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија.

Содржината на сторијата е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.

 

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.