Со пуштање на 100 светло сини хелиумски балони на плоштадот во Прилеп и редење на шарена сложувалка, прилепските основците го одбележаа Светскиот ден на лицата со аутизам.
Со пуштање на 100 светло сини хелиумски балони на плоштадот во Прилеп и редење на шарена сложувалка, прилепските основците го одбележаа Светскиот ден на лицата со аутизам.
Ученици од IV - 3 одделение од основното училиште „Тодор Ангелевски“ заедно со членовите на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, заедно играа ора и пееја песни на Широк Сокак. Тие испратија порака дека сите деца се исти.
Се проценува дека меѓу 15.000 и 20.000 лица во Македонија имаат аутистичен спектар на нарушувања, покажуваат епидемиолошките студии на Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА), кое со меѓународната асоцијација „Аутизам Европа“ се приклучи во кампањата за одбележување на 2 април, Светски ден на аутизмот.
Што очекуваат медиумите и граѓанските организации едни од други, кои се правилата на ангажираното новинарство и како граѓанските организации подобро да ги позиционираат важните теми беа некои од темите за дискусија на работилницата „Градење коалиции меѓу медиумите и граѓанските организации што ги застапуваат лицата со попреченост“.
Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.
Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).


Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.