Граѓански вести

    НСРР

    Области на делување:
    - Економско јакнење на жените
    - Жени, лидерство и учество (политичко јакнење)
    - Работа против насилство врз жените и семејното насилство
    - Жени, мир и безбедност
    - Сексуално и репродуктивно здравје

    Основни информации за организацијата:
    Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ) е национална, мултиетничка и мултигенерациска мрежа во која членуваат околу 116 локални женски организации со 80.000 жени од урбани и рурални средини. Организацијата се стреми кон постигнување на родова еднаквост, развој, заштита на женските, човекови права и мир. Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ) е формиран во октомври 1994 и израсна во една од најголемите женски мрежи во Република Македонија. Со своите активности НСРР промовира култура на мир и ненасилство, учествува во политичкото и економското јакнење на жените, се залага за социјално вклучување на жените од руралните средини и маргинализираните групи, учествува во унапредувањето на политиките во областа на родово базираното насилство, и се залага за сè она што се подразбира со зборот рамноправност.

    Најзначајни проекти на организацијата:
    Во своето 20-годишно постоење НСРР има имплементирано голем број проекти. Некои од нив:
    - Балканска Коалиција на Жени за професионална квалификација и тренинг во полето на еконoмијата и бизнис науките,
    - Со здружени напори – Кон нови европски стандарди во заштита на жените од родово базираното насилство,
    - Жените од Југоисточна Европа во мрежа за рурален развој,
    - Дејствувај и влијај ефективно против семејното насилство, - Жените го можат тоа во Медиумите,
    - Жените и медиумите, Жени гласачи - гласај и набљудувај,
    - Женска иницијатива за мир и соживот,
    - Политичка перспектива на жените - женско лидерство во Македонија,
    - Женски центар - Женски родови студии и др.

    Листа на експерти:
    Савка Тодоровска
    - Претседателка на Национален совет за родова рамноправност
    - Експертиза: родови прашања, женски права, трговија со луѓе, организациски развој и раководење, застапување и лобирање, лидерство, родова рамноправност и тн.
    - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., 070 212127

    Светлана Јанева
    - Потпретседателка на Национален совет за родова рамноправност
    - Експертиза: родови прашања, женски права, застапување, лобирање, менаџирање, работа со жртви на семејно насилство, пристап со јавни информации, човечки ресурси, граѓански активизам и тн.
    - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., 070 231513

    Благородна Шопова
    - Социјален работник, координатор на програма против семејно насилство 
    - Експертиза: семејно насилство, родово базирано насилство, насилство врз жените, дискриминација, застапување, лобирање и тн. 
    - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., 070 315364

    Наташа Димитровска 
    - Магистер по медиуми, комуникации и културолошки студии 
    - Експертиза: односи со медиуми, односи со јавноста, застапување и лобирање, родово претставување, култура, мултикултирализам, интеркултурна комуникација и тн. 
    - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., 070 532110

    Контакт информации:
    Тел: + 389 2 3134 390, 
    Факс: + 389 2 3238 184, 
    е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

    Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

    Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

    euflagEUsoTEBE2

     

     

     

    Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

    © 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.