Граѓански вести

Илјада и петстотини деца невидливи за државата

Во Македонија не постои централна база на податоци колку од децата се исклучени од образовниот процес и колку од нив се на улица

Извор: Утрински весник
Мало девојче на раскрсницата кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје чека да се вклучи црвеното светло на семафорот, по што веднаш се стрчува кон возилата. Во левата рака има сунѓер, во десната бришач. Без да ги праша возачите, им го брише ветробранското стакло. Некои и' подвикнуваат, други ќе свирнат, трети ќе извадат десет денари и ќе и' „платат“ за трудот. Додека ја чека следната тура, вели дека се вика Сара. Раскажува дека нема мајка и татко, никогаш не ги видела. Живее со подалечни роднини во трошна куќа во Шутка. Има постар брат. Сара има седум години, ама не оди на училиште. Секој ден е на улица. Или брише шофершајбни или питачи. Парите што ќе ги заработи ги носи дома.

Таа никогаш не била на доктор, не стапнала во која било институција, не прима никаква помош. Не поседува ниту еден документ на кој и' го пишува името и презимето. Сара е дете-фантом. Таа не е единственото дете што го нема во матичната книга на родените. Точната бројка не може да се каже со сигурност, но од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ велат дека станува збор за 1.500 деца.

Целиот текст може да го прочитате на веб страницата на Утрински весник, на следниов линк

 

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.