Граѓански вести

Иницијативниот одбор побара кежаровски да биде ослободен од вина

Поради влошената здравствена состојба на новинарот Кежаровски, Основниот суд по барање на одбраната одлучи тој да биде во домашен притвор до почетокот на издржување на затворската казна.

Имајќи ја предвид здравствената состојба на Кежаровски, Иницијативниот одбор смета дека оваа одлука е добредојдена, иако таа не значи дека му се овозможува тој да се брани од слобода се до правосилноста на судската одлука.

„За жал ова не е пуштање да се брани од слобода, туку е домашен притвор, но и тоа е еден мал чекор за да се каже дека ете реакциите на граѓанскиот сектор, на новинарите пред се и на медиумите, и на меѓународната јавност можеби придонела да ја земат оваа причина кога ја разгледувале одлуката за пуштање на Кежаровски во домашен притвор, односно заменување на притворот со домашен“, вели Жанета Трајковска од Иницијативниот одбор, за Радио Слободна Европа.

ЗНМ преку писмена реакција побара да му се укине домашниот притвор на Кежаровски, како и да му се овозможи да се брани од слобода.

Кежаровски е осуден за напишан текст пред 5 години во кој, според судот открил идентитет на заштитен сведок во случајот „Ореше“.

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.