Граѓански вести

Прва награда за фотографот Томислав Георгиев на Impunity Exposed photo contest 2013

Фотографот Томислав Георгиев освои прва награда на Impunity Exposed photo contest 2013. Победничката фотографија е од протестот на новинарите во Македонија кои беа попречени од специјалните полициски сили пред Музејот на македонската борба. Протестот се одржа во име на несогласувањата на новинарската фела со затворската казна од 4 ипол години за новинарот Томислав Кежаровски.

Второнаграден на овој натпревар е фотографот Ahmed Al Fardan од Бахреин, а третото место го освои Arnold Jumpay  од Филипините. 

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.