Граѓански вести

Белата книга и Актив.мк - нови алатки за соработка меѓу ГО и медиумите

Граѓанскиот сектор кој се занимава со прашањата поврзани со човековите права претставува богат ресурс  за новинарите, за истражувачкото новинарство, но и за инклузивното новинарство, кое треба да се стреми да ги вклучи различностите на разновидни начини - во рамките на секој новинарски производ и во секојдневното функционирање на медиумот.

Граѓанските организации и медиумите се упатени на меѓусебна соработка за да може полесно да се идентификуваат и обелоденат  случаите на прекршување на човековите права, да се подигне јавната свест за овие прашања, и да се зголеми влијанието на граѓанскиот сектор.

Ова се некои од препораките до граѓанските организации и до медиумите содржани во Белата книга за приоритетите и механизмите на соработка меѓу двата сектора, чија цел е да придонесе кон поголема промоција и ефикасна заштита на човековите права.  Документот ги посочува проблемите во соработката меѓу меѓу ГО и медиумите,приоритетите во различни области од човековите права на кои треба да се сврти медиумското внимание, а предлага и механизми преку кои може да се унапреди нивната комуникација. 

promocija.a4

МИМ ја промовираше Белата книга на 6 декември 2013 година во ЕУ Инфоцентарот. На истиот настан беше промовирана и веб-страницата Актив.мк, чија цел, пак, е да отвори простор за полесна комуникација меѓу граѓанскиот сектор и медиумите.  Веб-страницата нуди можности кои можат да им бидат од корист и на двата сектора, меѓу кои поважни се сервисот за асистенција на граѓанските организации, преку кој редакцијата на Актив.мк ќе им помага во нивната комуникација со медиумите, како и Андроид апликацијата за мобилни телефони, преку која секој засегнат ќе може да фотографира и пријави прекршување на човековите права.  

promocija.a3

Белата книга и веб-страницата Актив.мк се дел од проектот „Зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации и медиумите за унапредување на човековите права и слободата на изразување“ што го спроведува МИМ, со поддршка на Европската Унија преку ЕИДХР.

Повеќе фотографии од промоцијата можете да погледнете тука.

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.