Граѓански вести

Светски ден на човековите права: Државата е таа што треба да овозможи предуслови за рамноправност

Слободата на медиумите, независноста на судството и дискриминација се трите области кои Хелсиншкиот комитет за човекови права ги посочува како проблематични во однос на почитувањето и заштитата на човековите права во Македонија. По повод 10 Декември - Меѓународниот ден на човековите права, Комитетот во своето соопштение изразува загриженост за притворањето новинари, политичките влијанија во медиумите и во судството, како и распространетата дискриминација врз основа на раса, политичка припадност и сексуална ориентација. 

Народниот правобранител пак, во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права истакна дека „државата е таа која треба да ги овозможи сите предуслови граѓаните да се чуствуваат рамноправни.“ Омбудсманот упати порака дека секој граѓанин заслужува достинствено да живее и да биде почитуван, без никакви предрасуди, односно без разлика на социјалната положба, бојата на кожата или религијата.

Инаку, годинава се одбележуваат 65 години откако Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Универзалната декларација за човекови права, прогласувајќи ги нејзините принципи за „заеднички стандард на достигнување за сите народи и сите нации“. Декларацијата за човекови права стана најважниот документ во современата човекова историја што ги определи насоките по кои треба да се движи човештвото. Денот на човековите права годинава е посветен на јубилејот 20 години од востановувањето на Високиот комесар за човекови права. 

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.