Граѓански вести

    Семејството Јашари ја тужи државата за смртта на синот

    Со тужбата како нематеријална штета побаруваат 11 милиони денари за трагично загинатиот матурант Мухамедали Јашари. Брачната двојка Џеваир и Фетие Јашари, која стана парадигма на борбата со училишното насилство, откако пред речиси три години го изгуби својот 17-годишен син, повторно е пред нова судска постапка со која ќе бараат од надлежните државни институции надомест за изгубениот син.

    Семејството Јашари, преку своите правни застапници, адвокатите Оливер Вуксановиќ и Виолета Петкова, поднесоа тужба со која се бара да бидат обесштетени за загубата на синот Мухамедали Јашари, кој на 8 април 2011 година беше убиен во дворот на државното средно училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје. 

     
    Целата сторија може да ја прочитате на веб - страницата на Утрински весник

    Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

    Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

    euflagEUsoTEBE2

     

     

     

    Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

    © 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.