Граѓански вести

Здравствени медијатори за подобра здравствена заштита на Ромите

„Ромски здравствен медијатор“ е една од клучните програми за унапредување на здравствената заштита на Ромите, која ќе продолжи да се спроведува и во текот на наредната година. Во 2013 година, ромските здравствени медијатори посетиле 4.125 Роми и обезбедиле вкупно 4.729 услуги, а медијаторите биле препознати и добро прифатени од локалната заедница.

Ова се некои од заклучоците од национална конференција посветена на здравјето на Ромите, која ја организираше Министерството за здравство и невладината организација ХЕРА, коишто ја спроведуваат програмата.

Во ХЕРА ја истакнуваат потребата од континуирано запознавање на ромската заедница  со здравствените и социјалните права, со цел да можат полесно да ги остварат. 

За унапредување на здравјето на Ромите неопходно е да се активира и локалната самоуправа во заедничка соработка со граѓанските организации, здравствените медијатори, како и локалните здравствени и социјални институции, додаваат од ХЕРА.

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.