Граѓански вести

Рома С.О.С.: Здравствено осигурување за сите

За лицата со пониски приходи кои не се вработени,останува обврската секоја година да поднесуваат Изјава за остварени приходи во УЈП, со што се врши нивна пререгистрација заради остварување на здравствено осигурување, и покрај фактот што Уставниот суд ја прогласи оваа одлука за неуставна во 2012 година.

Од граѓанската организација Рома С.О.С. истакнуваат дека од почетокот на годинава околу 100.000 осигуреници не успеале да поднесат Изјава, поради што се соочиле со потенцијален прекин на здравственото осигурување, со наплата при користење на здравствени услуги и набавка на лекови, привремена забрана за користење на ортопедски помагала, како и дополнителни административни трошоци за вадење документи.

Повеќе за јавната дискусија „Здравствено осигурување за сите граѓани“ што Рома С.О.С. ја организираше на 18 декември, 2013 година, може да најдете на следниот линк.

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.