Граѓански вести

Граѓанските активисти ја одбележаа годишнината од „Црниот понеделник“

Група граѓански активисти под мотото „Борбата продолжува“ денес го одбележаа денот кога пред една година новинарите беа насилно исфрлени од Собранието и спречени да известуваат за седницата на која се расправаше за усвојување на државниот буџет за 2013 година.


На овој настан му претходеше исфрлање и на пратениците од опозицијата од собраниската сала, кои се противеа на донесувањето на предложениот буџет.

„За тој акт сè уште нема одговорност, туку само политички договори во кои новинарите не учествуваат. Не ни треба да учествуваат, зашто нивна работа е да си ја тераат својата борба и со оваа власт и со некоја идна. Сè додека не се случи таа одговорност, ние всушност немаме демократија во Македонија“, истакна Петрит Сарачини, еден од учесниците на протестот.

Повеќе домашни медиумски организации тогаш реагираа и го оценија настанот како брутално прекршување на правото на новинарите да известуваат за прашања од јавен интерес и како чин на цензура на протокот на информации до граѓаните.  И меѓународните институции и организации кои се занимаваат со медиумските прашања, тогаш реагираа и го осудија настанот.

На годишнината на овој настан, реагираа и ЗНМ и Независниот синдикат на новинари и медиумски работници, кои го посочија фактот дека и после една година се уште никој не понел одговорност за случувањата на 24 декември 2012 година. Ниту Уставниот суд се уште се нема изјаснето по поднесокот на ЗНМ, со кој е побарано да се утврди дали било повредено уставното начело за слобода и право за јавно изразување.

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.