Граѓански вести

Да се ослободиме од границите на делување кои ни ги имаат поставено оние против кои се бориме

Скоро целосната граѓанска пасивност поради крајно неповолните услови не треба да го задржува нашето активирање, а оние кои веќе се активирале да се ослободат од границите на делувањето кои им ги имаат поставено оние против кои се борат.

Не ни треба среќа во новата година, туку многу работа, пишува Тамара Атанасоска, граѓански активист, во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Веќе знаеме дека бројките за граѓанското учество во Македонија се и повеќе од поразителни. Само 22 отсто од граѓаните учествувале во некоја граѓанска иницијатива. Како најчест одговор зошто, 40 проценти наведуваат дека немаат време и се зафатени, воопшто не земајќи ја својата граѓанска должност како таква, а дури и 43 отсто од граѓаните сметаат дека не е нивна лична одговорност да дејствуваат за да ја подобрат нивната заедница. Кај младите и интересот за учество во одлуките и граѓанското учество е најмал(од студијата "Граѓанското учество во Македонија", Реактор - Истражување во акција, 2013).

Целиот текст може го прочитате на веб-страницата на Радио Слободна Европа

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.