Граѓански вести

ОН со нови мерки за подобрување на правата на детето

Децата чии права се повредени наскоро ќе може да поднесат жалба до Комитетот за правата на детето при ОН, откако Костарика стана 10-та земја што го ратификуваше Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на детето, кој се однесува на процедурите за комуницирање.

Протоколот кој ќе стапи на сила за три месеци, им овозможува на децата или на нивните претставници да поднесуваат пријави до Комитетот за правата на детето. Комитетот потоа ќе одлучува по пријавените случаи и онаму каде што ќе утврди повреда ќе изрекува соодветни препораки до засегнатите држави за решавање на случаите.

Претседателката на Комитетот, Кирстен Сандберг смета дека Факултативниот протоколот е голем чекор напред во имплементацијата на правата на децата. Исто така, таа ги повикува членките да продолжат да ги развиваат државните системи кои ќе обезбедат почитување и заштита на правата на децата.

Индивидуално или групно, децата ќе може да поднесуваат жалби за одредени повреди на нивните права согласно на Конвенцијата за правата на детето, како и на Факултативниот протокол за децата во вооружени конфликти и Факултативниот протокол за продажба на деца, детска порнографија и детска проституција.

Повеќе информации може да прочитате на следниот линк.

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.