Граѓански вести

Нова алатка за истражувачко новинарство

Визуелни истражувачки сценарија (VIS) претставува интернет платформа за  визуелизација на податоци, која е наменета да им помогне на новинарите, активистите и на другите истражувачи, во мапирање на комплексни бизнис или криминални мрежи.

Целта е да им се овозможи на истражувачите полесно да ги разберат и објаснат корупцијата, организираниот криминал и другите малверзации. Оваа алатка овозможува комплексните нарации да се пресликаат во едноставен и универзален визуелен јазик.

Платформата обезбедува професионално дизајнирани, прилагодливи и динамични шаблони за визуелизација кои овозможуваат да се илустрираат лица, мрежи и сложени конфигурации на податоци. Визуализациите може да се употребуваат во онлајн, печатени или електронски медиуми.

Платформата е достапна на: www.vis.occrp.org

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.