Граѓански вести

„Репортери без граници“ со осуда за високата казна за „Фокус“

„Репортери без граници силно го осудуваат судското малтретирање на Фокус, една од последните независни публикации во Македонија.

Уште еднаш судот во Скопје го осуди Фокус на несразмерно висока парична казна што, се чини, дека има за цел да предизвика затворање на последниот независен неделник во Македонија“, се вели во реакцијата на оваа меѓународна организација, откако ССНМ ги информираше за последната пресуда за клевета против новинари на неделникот Фокус.

„Ако правдата мора да биде спроведена, и нормално е дека клеветата треба да биде санкционирана со закон, судијата мора да има на ум за што тука станува збор: за правото на јавноста да биде информирана од страна на независни извори на информации, кои се сѐ поретки во земјата. Во овој случај, ваквиот баланс не е почитуван и слободата на печатот повторно ќе страда. На земја рангирана на 116 место во последниот индекс на слободата на светскиот печат, не и треба уште една деградација“, се истакнува во дописот од Репортери без граници.

Извор: ССНМ

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.