Граѓански вести

Фифи не е крпена кукла!

Парламентарецот Макрадули ни порачува да ги затвориме очите и да ги отвориме срцата, па да послушаме како тоа Фифи пее, а не како изгледа и се претставува. Да не случајно ни се навикне окото на вакви „изроди“, па некој сличен да им се тупне на столчето до нив. Милошоски, пак, јасно и гласно рече кому му се допаѓа Фифи нека си ја носи дома!

И би чудо. Во македонскиот парламент конечно се спомна и името на еден транссексуалец - Фифи, и тоа во најнеочекуван момент - среде расправата за законот за медиуми. Ни во своите најлуди соништа Фифи (родена како Филип Јаневски) не можела да замисли дека нејзиното име ќе се превртува во устата на Јани Макрадули, а уште помалку во устата на неговиот политички опонент Антонио Милошоски, но Господ е голем. А уште поголеми се меѓупартиските итроштини и подметнувања во кои ништо не е свето кога е потребна монета за поткусурување на некоја тема, па макар темата си немала врска со судбината на еден транссексуалец на популарното музичко шоу „Икс-фактор“.

Па така, во екот на расправата за законот за медиуми, која во почетокот со ништо не навестуваше дека ќе се претвори во дебата за прифаќање на родовата различност, како од пушка одекна името - Фифи! Пратеникот на СДСМ Јани Макрадули направи филозофска споредба меѓу законот за медиуми и Фифи и загрижено прослави: „Зошто да не ја цениме Фифи според она како пее на ’Икс-фактор’, туку како се претставува“. На ова пратеникот од владејачката партија, паралелно објаснувајќи го законот, реплицираше: „Во однос на тој Фифи или таа Фифи, не сме го гледале оти до полноќ работевме на комисија - ако ви е добар, сакате да ја промовирате, земете ја таа Фифи дома, земете ја во кампањи.

Промовирајте ја во вашата изборна програма“, рече Милошоски, споредувајќи ја Фифи во најмала рака со некаков изрод или со мечката Божана, а себеси и своите сопартијци во хетеросексуални доблесни неуморни работници, кои, наместо да гледаат „Икс-фактор“, како овие од СДСМ, работат, работат и само работат.

Автор: Мимоза Петревска Георгиева
Целиот текст може да го прочитате на веб-страницата на „Нова Македонија“.

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.