Граѓански вести

Македонија доби 104 препораки за прашањата поврзани со прекршување на човековите права

Советот за човекови права на ОН го објави Универзалниот периодичен извештај за Македонија, во кој се наведуваат бројни препораки во врска со случаите на прекршувања на човековите права.

Извештајот најмногу се фокусира прашањата поврзани со спречување и заштита од дискриминација особено кога станува збор за ЛГБТ заедницата и родовата еднаквост. Но, исто така добар дел од препораките се однесуваат на малцинските права, со фокус на правата на Ромите, како и на слободата на изразување.

Други области за кои Советот нотира препораки се наведуваат правата на децата, ратификација на меѓународните договори за човекови права, независност на судството, лошото постапување во затворите, правата на лицата со попреченост, трговија со луѓе и семејното насилство.

Надлежните институции во земјава имаат рок до јуни 2014 да ги разгледаат и да се произнесат во однос на препораките.

Целосниот извештај е достапен на следниот линк:
http://www.ohchr.org/EN/HRBodies/UPR/Pages/MKSession18.aspx

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.