Граѓански вести

Македонија сè пониско на Индексот на Репортери без граници

Македонија го зазема 123-то место во најновиот Индекс за слободата на медиумите на меѓународната организација Репортери без граници, што претставува пад од седум места во однос на минатогодишното рангирање.

Државава е најниско на листата во однос на останатите држави од регионот, имајќи предвид дека Србија е на 54-та позиција со напредок од 10 места, Косово  е на 80-та или за шест места погоре во однос на минатата година, Албанија е на 85-та со напредок од 18 места, Грција е на 99-та, односно за 14 места полошо од лани, а Бугарија е на 100-та позиција, со пад од 12 места.

Иако во Извештајот се нотира дека Македонија спроведува реформи според европскиот курс, сепак се нагласува и дека „многуте прекршувања на слободата на информирање во изминативе неколку години не може да се сокријат зад демократската „завеса“.

„Новинарот Томислав Кежаровски стана симбол на тие прекршувања. Откако во октомври 2013 година беше осуден на четири ипол години затвор заради откривањето на идентитетот на заштитен сведок во случај за убиство, под меѓународен притисок неговата затворска казна беше преиначена во домашен притвор. Но, веќе следниот ден друг македонски новинар, Зоран Божиновски, беше уапсен во Србија по потерница на Интерпол, заради шпиунирање.“, се вели во Извештајот на Репортери без граници.

Репортери без граници ги оценуваат државите според шест генерални критериуми: плурализмот, независноста на медиумите, медиумската средина и автоцензурата, правната рамка, транспарентноста, како и медиумската инфраструктура.

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.