Граѓански вести

Со танц против насилството врз жените

Граѓаните на Скопје ќе имаат можност да ја покажат својата солидарност, заедничка моќ и сила да му се спротивстават на насилството врз жените на настанот што ќе се одржи на плоштадот „Македонија“, утре со почеток во 11.55 часот, во рамки на меѓународната кампања „Една милијарда на нозе“.

Целта на манифестацијата е подигнување на јавната свест за проблемот на насилство врз жените и девојките. Кампањата која започна минатата година е одговор на запрепастувачките податоци со кои излезе Организацијата на Обединетите Нации – дека една од три жени во светот се претепани или силувани во текот на нивниот живот, што претставува бројка од околу една милијарда жени и девојки.

На 14 февруари се организираат различни настани насекаде низ светот, преку кои присутните го креваат својот глас во одбрана на жените кои трпат неправди и барајќи запирање на насилството кон нив. Минатата година беа организирани над 10,000 настани на меѓународно ниво, меѓу кои и во Македонија, а кампањата ја покрија и најголемите светски медиуми, како Њујорк тајмс и Гардијан.

Годинава, во Македонија настанот го организираат  „Национален совет за родова рамноправност“, „Асоцијација за здравствена едукација и истражување - Х.Е.Р.А“, „МАДИ“, „Зонта клуб Скопје“ и „Организација на жени на град Скопје – ОЖС“.

Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат во манифестацијата и да танцуваат против насилството врз жената може да го пријават своето учество на следната веб-страница:
http://www.onebillionrising.org/events/obr-macedonia/

Повеќе информации може да најдете и на фејсбук страницата за настанот: https://www.facebook.com/events/526648894099734/?ref=22

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.