Граѓански вести

ВИДЕО: Ромите соочени со бариери во пристапот до здравствена заштита

Правото на здравствена заштита е едно основните човекови права, а државата е должна на сите граѓани да им обезбеди еднаков пристап во остварувањето на своите права. Но, и покрај тоа голем број граѓани се соочуваат со проблеми во пристапот до адекватна здравствена заштита.

Според граѓанските организации, ситуација е особено алармантна кај ромската па популација. Делчевецот Невзат, боледува од повеќе хронични заболувања и секојдневно има потреба од медицинска помош, но надлежните институции се оглушуваат на неговите барање.

Здружението „ЕСЕ“, во соработка со граѓанската организација „КХАМ“ од Делчево подготвија кратко видео кое ги илустрира бариерите со кои се соочуваат Ромите во пристапот до здравствена заштита и необезбедувањето на бараната медицинска помош. Целта на видеото е да ја подигне јавната свест за пречките во пристапот до здравствена заштита, како и да ги поттикне институциите да преземат мерки за решавање на проблемите.


Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да придонесат кон севкупниот процес на застапување пред надлежните здравствени институции може да се потпишат на он-лајн петиција на следниов линк: http://chn.ge/1c0WbkZ

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.