Граѓански вести

Ромите од Црник како „граѓани од трета класа“

Дваесетина Роми од селото Црник, во повеќе наврати во текот на минатата година, биле вратени од македонската граница и спречени да заминат на сезонска работа во Црна Гора. Граничните службеници на пасошите на овие граѓани ставале печати со назнака дека не може да ја напуштат државата и покрај тоа што прикажувале гарантни писма.

Ова се должи на профилирањето на одредени граѓани врз основа на однапред утврдени индикатори, со што се проценува дали тие се потенцијални азиланти. Жителите на село Црник се чувствуваат дискриминирани и затворени во границите на сопствената држава.

Селото Црник е се наоѓа во Пехчево, што е една од најнеразвиените општини во Македонија. Според етничкиот состав на населението во селото најголем процент од жителите се Роми и Турци, а има и мал дел Македонци. Повеќето од жителите се невработени и се занимаваат со земјоделство, собирање и продавање шумски плодови. Поради ова многу од нив се принудени да бараат сезонска работа во соседните или во западноевропските земји. За жал во 2013 година на ниту еден припадник од ромска националност не му успеало да ја помине македонската граница.

Граѓанската организација „КХАМ“ од Делчево спроведе низа активности со кои сакаше да го сврти вниманието на пошироката јавност кон проблемот со дискриминацијата на Ромите, а овие кратки сведоштвата на жителите на село Црник се дел од нивните напори. Ромина Кајталова која работи како параправник во НВО „КХАМ“, ја потврдува информацијата дека повеќе од 20 Роми биле вратени од граница:

Проблемот со ограничување на слободата на движење на Ромите го посочуваат и домашните граѓански организации и Стејт-департментот. Граѓанските организации ,,КХАМ” од Делчево, Транспарентност - Македонија и Здружението на млади правници поднесоа претставки до Комисија за спречување и заштита од дискриминација, како и Иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на одлуката. Меѓутоа, ниту по 10 месеци нема никаков одговор од институциите.

Меѓу јануари и декември 2012 година, на 4.360 граѓани, од кои најмногу биле Роми, не им било одобрено да ја напуштат државата поради сомневање дека ќе бараат азил во ЕУ. На овие лица законски може да им биде одземен пасошот на 5 години, но по реакциите на домашните организации што се занимаваат со заштита на човековите права, тој период често се скратува на една година.

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.