Граѓански вести

Недела на сексуално и репродуктивно здравје и права на лицата со попреченост

Надлежните институции треба да ја унапредат едукацијата за сексуалното и репродуктивното здравје за лицата со попреченост и да обезбедат достапност на здравствените услуги.

Ова го порачаа од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, по повод одбележувањето на „Неделата на сексуално и репродуктивно здравје и права на лицата со попреченост“.

Од ХЕРА истакнуваат дека за лицата со попреченост се уште преовладуваат убедувањата дека: „се асексуални”, „не треба и не можат да градат врски”, „секогаш некој треба да се грижи за нив”, „немаат потреба за едукација и грижа за репродуктивното здравје затоа што не се сексуално активни”. Овие перцепции не одговараат со реалноста и придонесуваат кон стигматизација и дискриминација, како од општеството, така и од семејствата.

„Неделата на сексуално и репродуктивно здравје и права на лицата со попреченост“ има цел да придонесе кон зголемување на свесноста за правата и грижата за репродуктивното здравје на лицата со попреченост. Одбележувањето вклучува бројни активности и манифестации кои ќе траат до 21 март, а целосната програма можете да ја погледнете во продолжение:

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.