Граѓански вести

Меѓународни стипендии за припадници на малцински групи

Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН доделува стипендии за припадници на национални или етнички, јазични или верски малцинства.

Целта на програмата е да им овозможи на стипендистите да научат нешто повеќе за заштитата и унапредувањето на правата на малцинствата, како и да развиваат партнерства со активисти од целиот свет, претставници на ОН и други релевантни НВО.

Стипендиската програма која ќе се реализира есенва во Женава, на избраните кандидати им обезбедува средства за превоз, основно здравствено осигурување, сместување и за останатите животни трошоци.

Сите заинтересирани кандидати може да се пријават на конкурсот најдоцна до 6 април 2015 година.

Повеќе информации за програмата, критериумите и начинот на пријавување може да добиете на следниот линк:
http://www.ohchr.org/EN/Issues/Minorities/Pages/Fellowship.aspx

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.