Граѓански вести

Сподели ја твојата приказна, вклучи се во иницијативата на ОН „Слободни и еднакви““

Секоја година на 17 мај се одбележува одлуката за отстранување на хомосексуалноста од меѓународната класификација на болести на Светската здравствена организација. Целта е да се координираат меѓународните настани за подигање на свеста за кршењето на правата на ЛГБТ заедницата низ целиот свет.

Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија, минатата се одбележа во речиси 120 земји ширум светот. Годинава, Обединетите нации ги охрабруваат поедниците да ја споделат својата приказна. Секоја сторија, без разлика на должината, може да ги промени срцата и умовите на подобро. „Сите ние сме основа на ова движење за еднаквост. Сподели приказна, биди дел од движењето за еднаквост“, порачуваат од иницијатива „Слободни и еднакви“ на ОН.

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.