Граѓански вести

Хелсиншкиот комитет го објави извештајот за состојбата со човековите права во Македонија за 2013 година

Минатата година во земјата се евидентирани сериозни нарушувања на слободите и правата на граѓаните, како и драстични повреди на принципот на владеење на правото и правната држава.

Загрижувачки е податокот дека регистрираните повреди на човековите права и слободи укажуваат не само на системски проблеми во функционирањето на органите и институциите, туку и на злоупотреба на нивните надлежности.

Ова е генералната оценка од Годишниот извештај за состојбата со човековите права во Македонија во 2013 година, што го подготви Хелсиншкиот комитет.

Годишниот извештај претставува сублимат на анализи за констатираните состојби со човековите права во областа на судството, законодавството, полициското постапување, затворените установи, дискриминацијата, кривичните дела сторени од омраза, економските и социјалните права, граѓанските и политичките права и слободи, како и правата на ЛГБТИ заедницата.

Меѓу другото како главни проблеми во Извештајот се посочуваат: повредата на пресумпцијата на невиност; праксата на изрекување на колективни, идентични и стереотипни, решенија за притвор; случаите на полициска тортура; дискриминацијата врз основа на политичка, етничка и родова припадност, како и според припадност на маргинализирани групи; големиот број на кривични дела сторени од омраза; прекршувањата на правото на социјална и здравствена заштита; повредите на правото на здружување и слободата на изразување итн.

Целосните информации за состојбата со човековите права во 2013 година може да ги прочитате во Годишниот извештај достапен на следниот линк.

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.