Граѓански вести

ВИДЕО: Вакцините сè уште недостапни за Ромите

Недоволни финансиски средства за превентивна заштита на мајките и децата од ромската заедница, слаба вклученост на децата Роми во процесот на имунизација и недостаток на едукативни активности во ромските средини.

Ова се само дел од проблемите и бариерите со кои се соочуваат припадниците на ромската заедница во пристапот до здравствена заштита.

Здружението „ЕСЕ“ во соработка со граѓанските организации „КХАМ“ од Делчево, Центарот за демократски развој и иницијативи - ЦДРИМ од Шуто Оризари и Здружението на просветни работници и заштита на правата на жените и децата – ЛИЛ од Скопје, подготви кратко видео кое ги третира проблемите и бариерите во процесот на имунизација на децата од ромската заедница.

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.