Граѓански вести

Конкурс: Европската Kомисија наградува успешни проекти поврзани со интеграцијата на Ромите

Граѓански организации од земјите на Западен Балкан, најдоцна до 6 август може да се пријават на конкурсот за „Наградата за интеграција на Ромите 2014“, што ја доделува Европската Комисија.

Победничките проекти треба да покажат оригинален пристап, нудејќи холистички и одржливи решенија за надминување на постојните општествени разлики меѓу мнозинските заедници и ромското население. На конкурсот може да се пријават проекти кои се финансирани од ЕУ или од други донатори, како и иницијативи спроведени без финансиска поддршка.

Преку „Наградата за интеграција на Ромите“ Европската Комисија има цел да им оддаде почит на заложбите на граѓанските организации во помагањето на интеграцијата на ромските заедници во Западен Балкан и Турција, како и да ја подобри видливоста на најдобрите практики и идеи.

Конкурсот е отворен за граѓански организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија, Косово и Турција. Од секоја земја учесничка ќе биде избран по еден проект кој ќе биде награден со 14000 евра. Победниците заедно со второ и третопласираните проекти од секоја земја ќе бидат поканети на студиска посета во Брисел.

Сите заинтересирани граѓански организации може аплицираат на следните начини:

• По електронска пошта (email), пријавата да се испрати во прилог (во формат Word Document или OpenOffice Writer File) до:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

• По пошта, пријавата да се испрати до:

European Commission
DG Enlargement
'Award for Roma Integration'
Rue de la Loi 15, 1049 Brussels, Belgium

Рокот за поднесување на пријавите за учество е 6ти август 2014 (18:00 часот по бриселско време, електронска достава или препорачана пошта).

Повеќе информации во врска со наградата и начинот на пријавување може да добиете на следниот линк:
http://ec.europa.eu/enlargement/news_corner/roma-award/index_en.htm

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.