Граѓански вести

Конкурс за истражувачки стории поврзани со корупцијата на национално и локално ниво

СКУП Македонија објавува повик до сите заинтересирани новинари да аплицираат за Фондот за истражувачки стории, со предлог идеи за стории кои на каков било начин ги третираат прашањата поврзани со корупцијата на национално и локално ниво.

Апликациите треба да се достават најдоцна до 2 март 2015 г., а времето за подготовка на сториите е два месеци. Финансиската поддршка, која се обезбедува преку проектот „Подигнување на јавната свест за корупцијата преку истражувачко известување“, изнесува 250 долари за секоја сторија.

Предлозите треба да ги задоволат следните критериуми:

-предлогот треба да се однесува на коруптивни практики на национално или локално ниво;
-новинарот треба да обезбеди фактографска подлога (документи/изјави) за исказите во текстот;
-предлогот за проблемот за кој новинарот сака да пишува ќе треба да се објасни во формуларот кој е прикачен на следниот ЛИНК.

Пополнетиот формулар треба да се испрати преку е-пошта на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Повеќе информации за повикот може да добиете на веб-страницата на СКУП Македонија: http://scoop.mk/investigations/350.html

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.