Ученици и наставници од сите средни училишта во земјата, најдоцна до 27 февруари 2015 г., може учествуваат на конкурсот за мултимедијални продукти на тема „Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“.
Секое училиште може да аплицира со неограничен број на видео приказни, фото-стории, или мултимедијални стории, поврзани со училишните активности кои промовираат и се позитивен пример на меѓуетничка интеграција во образованието.
Најдобрите мултимедијални продукти ќе бидат наградени со ГоПро 3 камера, лап-топ и дигитален фотоапарат.
Конкурсот се реализира во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, а сите информации поврзани со критериумите и начинот на аплицирање може да ги најдете на веб-страницата од проектот, на овој ЛИНК.