Граѓански вести

И покрај заканите, Ромите маршираа и ги предадоа своите барања до Владата

Здружението за јакнење и организирање на ромската заедница „Романо Авази“, по повод 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите, организираше протестен марш со наслов „Марш на гордоста и достоинството“.

Според организаторите, целта на маршот е да се испрати порака до власта и до генералната јавност дека ромската заедница, и покрај сите неправди кои и се нанесени од страна на институциите на системот, е горда на својот идентитет, и дека, и покрај тешките услови во кои живее, сепак има достоинство.

„Ние не сакаме да бидеме Роми само еден ден во годината. Власта, сегашната а и сите идни, мора да вложат поголеми напори за состојбата на Ромите се подобри и да стигне на ниво како кај останатите заедници кои живеат во Македонија“, велат организаторите на протестот.

Маршот започна од Шуто Оризари и заврши пред Владата на Република Македонија. На протестот се приклучија и активисти од повеќе граѓански движења и националности. На крајот, организаторите предадоа барање до Владата на Република Македонија за решавање на проблемите на ромската заедница. Организаторите на овој протест побараа од Владата измени на Правилникот за користење на социјална парична помош, усвоен во Јануари 2015 година, почитување на правична застапеност при вработувањата со посебен акцент на младите Роми, и почитување на гарантираните основни човекови права и прекинување на дискриминаторските постапки на граничните премини.

Освен тоа, тие побараа Владата да се заложи за усвојување на закон со кој политичките партии ќе бидат задолжени да усвојат Етички Кодекс кој ќе го гарантира почитувањето на човечката слобода и достоинство од политичките субјекти, како и формирање на посебна комисија за следење на законот составена од претставници на граѓански здруженија. Исто така, организаторите побараа и јавно извинување од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за навредите упатени кон ромската заедница.

Целиот протест помина мирно и без инциденти. Претходно, активисти на „Романо авази“ се пожалија на притисоци и закани насочени кон спречување на одржувањето на маршот и предавање на барањата до Владата, за што ги известиле полицијата, ОБСЕ и граѓанските организации за заштита на човековите права.

Проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

euflagEUsoTEBE2

 

 

 

Оваа веб-страница е изработена со поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа веб-страница е одговорност единствено на Институтот за медиуми и различности од Лондон и на никаков начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.

© 2018 Aktiv.mk. All Rights Reserved.