Стотици луѓе кои беа осудени во изминатите десетина години сметаат дека се жртви на полициско - политички монтирани процеси. Осудениците од случаите познати како „Калдрма“, „Детонатор“, „Бачило“, „Метастаза“ и многу други бараат повторно да им се суди со цел да добијат шанса да ја докажат својата вистина и невиност.
Тие се приклучија на здружението „Зелена лупа“, предводник на идејата да се донесе законско решение со кое ќе се повторат 30-тина судски случаи. Бараат правда, а не милост.
Видеото со превод на албански јазик е достапно ТУКА.