Погледнете го најновото издание од емисијата „Петтиот ангел“ која се фокусира на прашањата - Како да се допре до сржта на проблемите што ги мачат лицата со попреченост и сето тоа да се спакува во соодветна новинарска сторија, ослободена од патетика и сожалување? и Како да се избегнат стереотипите, предрасудите и несоодветното портретирање, а да се претстават интересите, проблемите и предизвиците на лицата со попреченост и како тие може да придонесат во општеството?
Емисијата, која се емитува на Македонската телевизија беше продуцирана за време работилницата „Во чевлите на другиот“, што се одржа во Охрид кон крајот на октомври, во рамки на проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“.