Здружението на граѓани „Поврзани“, во соработка со „Просветно дело“ подготви и објави кратки раскази, илустрации и видеа чија цел е подигање на свеста за потребата од поголема инклузија на децата со попреченост во образованието.
Расказите „Сите“, „Три Јовани и две Анастасии“ и „Еднакви, слични и различни суперхерои“ кои се објавени во списанијата „Другарче“ и „Развигор“, како и нивните видео-верзии може да ги погледнете во продолжение:
Три Јовани и две Анастасии
Еднакви, слични и различни суперхерои
Расказите, илустрациите и видеата се подготвени во рамки на кампањата „Еднакви, слични, различни“ што ја спроведува Здружението на граѓани „Поврзани“.
Активностите од проектот „Еднакви, слични, различни“ на Здружението на граѓани „Поврзани“, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.