Оливера Савеска е мајка на Марија, средношколка којашто живее со физичка попреченост. Во интервјуто во продолжение, Оливера раскажува за нејзината борба со институциите да овозможи физички пристап на својата ќерка до училиште, за постигнувањата на Марија на кои е горда, но и за грижите кои произлегуваат од непредвидливата иднина за нејзината ќерка.
Активностите од проектот „Медиумско претставување на мајки на лица со попреченост“ на Здружение за едукативен развој ЕКВАЛИС од Скопје, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.