Ова е научно-фантастична приказна. Ја измисливме со причина. Во далечната иднина, птиците еволуирале и станале разумни суштества. Луѓето се нашле во небрано. Зградите без влезови им биле непристапни, теренот без улици неповолен за движење, училиштата и факултетите недостапни, а работните места далеку над нивните физички можности. Да, вертикално над нив. Се обиделе да го кренат гласот за да се донесат и да се спроведат закони што нив им одговараат, но не успеале...
Приказната можете да ја погледнете во продолжение:
Активностите од проектот „Замислете ако“ на Здружението за промоција и унапредување на културните вредности „Конфиденс“ од Скопје, се поддржани преку грант-програмата на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведува Институтот за различности и медиуми од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации од Македонија, а со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.